Рецепт за крцкави ќофтиња со месо и компир

Рецепт за крцкави ќофтиња со месо и компир

Ќофтињата се вообичаена закуска во Холандија и најчесто се сервираат со пиво. Тие се нарекуваат „битербален“ и се приготвуваат од говедско месо кое се обликува во топчиња и се пржи сè додека не стане крцкаво. Денес ви го споделуваме рецептот за овие вкусни ќофтиња кои сигурно ќе ви се допаднат.

Рецепт за крцкави ќофтиња со месо и компир

Потребни состојки:

  • 3 лажици путер
  • 100 грама кромид
  • 100 грама шампињони
  • 200 грама мелено говедско месо
  • 40 грама брашно
  • 250 милилитри млеко
  • 400 грама компири
  • 2 лажички морско оревче
  • 2 лажички сол
  • ½ лажичка шеќер
  • 40 грама сирење
  • масло за пржење
  • лебни трошки
  • 3 јајца

Сос:

  • 2 лажици мајонез
  • 2 лажици чили сос (по избор)

Начин на подготовка:

1. Сварете ги компирите и згмечете ги во облик на пире.

2. Растопете го путерот на средна температура. Испржете го кромидот и додадете ги печурките. Потоа додадете го меленото месо и пржете додека не порумени. Додадете го брашното и мешајте додека смесата не се соедини. Полека сипете го млекото и продолжете со мешање додека сосот не стане густ и мазен.

3. Додадете го пирето од компири, морското оревче, солта, биберот, шеќерот и сирењето. Добро измешајте ги состојките и варете додека не испари течноста. Оставете ја смесата настрана да се излади.

4. Обликувајте топчиња од смесата – ставете ги во садот со лебните трошки, па во садот со изматените јајца и на крајот повторно во садот со лебните трошки.

5. Загрејте го маслото и пржете ги топчињата во врело масло додека не поруменат и не станат крцкави. Послужете ги со мајонез и чили сос. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот рецепт за холандски ќофтиња со месо и компир, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за шведски ќофтиња во кремаст сос.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар