Рецепт за класично крем бруле: Десерт на кој не можете да му кажете „не“

Рецепт за класично крем бруле: Десерт на кој не можете да му кажете „не“

Крем бруле, односно запечен крем, е класичен француски десерт познат по карамелизираната крцкава кора под која се крие кремаста внатрешност. Секој што го пробал претпоставува дека тешко се прави, но всушност вистината е поинаква. Денес ви презентираме рецепт за класично крем бруле, кој се подготвува полесно отколку што мислите.

Рецепт за класично крем бруле: Десерт на кој не можете да му кажете „не“

Потребни состојки:

  • 500 мл слатка павлака
  • 6 жолчки
  • 1 стапче ванила
  • 50 грама ситен шеќер
  • 8 лажички ситен шеќер за одозгора

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 140 степени Целзиусови.

Наполнете длабока тава за печење со зовриена вода која треба да дојде до ¾ од висината на садовите за крем бруле штом ги наместите внатре за печење.

Варете ја слатката павлака со стапчето ванила (претходно изгребете ја внатрешноста со нож и додајте ја и неа) додека не зоврие, а потоа тргнете го тенџерето од оган. Оставете го настрана 10 минути, додека кремот не се олади до степен да не е прежежок.

Во меѓувреме изматете ги жолчките со шеќерот во голема чинија со рачна маталка додека шеќерот не се растопи. Процедете го топлиот крем низ цедалка, а потоа преливајте го преку јајцата, капка по капка (како кога би доставале масло при подготовка на мајонез), нежно додавајќи и постојано мешајќи со маталка.

Распоредете ја смесата во претходно наместените огноотпорни калапи во тавата со вода, притоа водејќи сметка таа да не надминува ¾ од нивната висина, инаку може да продре во кремот. Можете да користите огноотпорни садови 10 на 5 см за да добиете широк, а плиток десерт. Ако употребите подлабоки садови, печете подолго, постојано надгледувајќи ги, сѐ додека средината не се стврдне.

Печете во средно загреана рерна 15 минути, а потоа засилете на 160 степени и печете уште 10 минути или додека не се нафати кора.

Извадете ги садовите од врелата вода и оставете ги да се оладат еден саат пред да ги напрскате со малку вода и да ги посипете со по 2 лажички шеќер секој.

Ефектот бруле се постигнува или со запекување на висока температура или со летламба. Второто е подобро решение ако имате летламба бидејќи на тој начин ќе избегнете јајцата одново да се готват.

Оваа количина шеќер ќе овозможи формирање на стаклеста крцкава кора која треба да ја пробиете кога ќе дојде време да го пробате десертот.

Пробајте го и овој вкусен колач со кафе што не се пече.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар