Претходно
Рецепт за фалафел со цвекло
Потеклото на фалафелот не е многу познато. Некои велат дека потекнува од Израел, други од Палестина, а некои тврдат дека потекнува од Екипет и Либан. Како и да е, фалафелот е многу вкусен и полн со протеини, а денес решивме да споделиме еден поразличен рецепт за фалафел со цвекло.
Потребни состојки:
- 430 г сварен наут или готов од конзерва
- 120 г рендано цвекло
- 2 чешниња лук
- 30 г сечкан магданос
- 1 лажичка ким
- сол по вкус
- 10 г тахан
- 10 милилитри сок од лимон
- 10 г брашно од овес или по избор
- 30 милилитри маслиново масло (за готвење)
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 375 степени. Наутот ставете го на хартија за печење и печење ги за 10 до 12 минути.
- Изрендајте го цвеклото. Потоа во блендер ставете ги лукот, магданосот, наутот, цвеклото, кимот, солта, таханот, сокот од лимон и блендирајте за 12 до 30 секунди. Ако смесата е многу влажна додадете брашно. Ако е премногу сува, тогаш додадете повеќе тахан или сок од лимон.
- Користете ги рацете за да го формирате фалафелот. Ќе добиете околу 8 до 10 фалафели.
- Ако го печете фалафелот, тогаш наредете ги топчињата на хартија за печење. Премачкајте ги со маслиново масло и печете за 20 до 30 минути.
- Ако решите да ги пржите, тогаш во средна тава ставете 2 лажички маслиново масло и пржете за 3 до 4 минути од двете страни.
- Ако решите да ги пржите, тогаш во средна тава ставете 2 лажички маслиново масло и пржете за 3 до 4 минути од двете страни.
- Сервирајте со хумус или сос по ваш избор. Во фрижидер може да останат од 4 до 5 дена.
Погледнете го и овој рецепт за домашен хумус кој ќе го обожавате.