Рецепт за домашни грисини: Вкусни и крцкави!

Рецепт за домашни грисини: Вкусни и крцкави!

Денес ви споделуваме рецепт за домашни грицки. Вкусни се и крцкави и можат да бидат одличен избор за појадок или вечера.

Рецепт за домашни грисини: Вкусни и крцкави!

Потребни состојки:

  • 150 грама бело пченично брашно
  • 50 грама интегрално пченично брашно
  • 50 грама пченичен гриз
  • 20 грама семки од сончоглед
  • 20 грама мелено ленено семе
  • 15 грама семе од сусам
  • 1 лажица семки од тиква
  • 5 грама сув квасец
  • 3/4 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 50 милилитри маслиново масло
  • 100 милилитри топла вода
  • масло и вода
  • морска или хималајска сол

Начин на подготовка:

1. Испечете го сусамот, а потоа семките од сончоглед и тиква. Потоа сомелете ги семките од сончоглед и тиква во електрична мелница за кафе. Ставете го интегралното брашно во садот за матење, а потоа белото брашно. Додадете гриз, потпечени семки, ленено семе и сол, па измешајте. Додадете шеќер и квасец, па 100 милилитри вода и масло, почнете да мешате со лажица, а потоа со раце замесете го тестото. По потреба додадете уште малку вода или брашно.

2. Тестото ставете го во сад, покријте го со крпа и оставете го на топло место околу половина час. Поделете го на 20 еднакви топчиња. Секое од нив обликувајте го во стапче долго околу 20 см, односно онолку колку што е долг садот во кој ќе ги печете.

3. Врз тепсијата ставете хартија за печење и наредете ги подготвените грисини. Премачкајте ги со мешавина од вода и масло, посолете и ставете ги во рерна загреана на 160 степени целзиусови. Печете 20-25 минути или додека не поруменат и не станат крцкави. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за шарени пуканки – оригинални грицки за секоја пригода.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар