Рецепт за домашен кечап: Без хемиски додатоци!

Рецепт за домашен кечап: Без хемиски додатоци!

Кечапот е еден од омилените сосови на многумина, но многумина го избегнуваат поради присуството на шеќер и хемиски состојки. Затоа ви споделуваме рецепт за вкусен и здрав домашен кечап.

Рецепт за домашен кечап: Без хемиски додатоци!

Потребни состојки:

  • 2 килограми зрели домати
  • 1 кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1лажичка сол
  • 1 лажичка црн пипер
  • 1 лажичка сенф
  • 1 лажичка мелен коријандер
  • 1 лажичка мелен ким
  • 1 лажичка мелена лута пиперка
  • 1 лажица шеќер
  • 1 чаша оцет

Начин на подготовка:

1.Измијте ги доматите и исечете ги на помали парчиња. Ситно исечкајте ги кромидот и лукот. Во големо тенџере, загрејте ги доматите, кромидот и лукот на средна температура додека не омекнат, околу 20 минути.

2. Тргнете го тенџерето од оган и испасирајте ги доматите со помош на сито. Вратете ги доматите во тавата и додадете сол, бибер, сенф, коријандер, ким, лута пиперка, шеќер и оцет.

3. Гответе на средна температура додека кечапот не се згусне, околу 1 час. Тргнете ја тавата од оган и оставете ја да се излади. Истурете го кечапот во стерилизирани тегли и чувајте го во фрижидер.

Откако го прочитавте нашиот рецепт за домашен кечап, можеби ќе сакате да прочитате и за лековитите својства на сокот од домати.

Извор: citymagazine.danas.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар