Рецепт за чоко бомбици со оризови галети

Рецепт за чоко бомбици со оризови галети

Ако сакате да се одвикнете од белиот шеќер, а не можете да се откажете од слатките, имаме здрава варијанта за вас – бомбици кои се вистинска протеинска бомба. Овие слатки се идеални за сите оние кои постат или се придржуваат до вегански начин на исхрана.

Рецепт за чоко бомбици со оризови галети

Потребни состојки:

  • 12 оризови галети
  • 1 банана
  • 5 урми
  • 1/3 чаша путер од кикирики
  • 50 грама стопено темно чоколадо

Начин на подготовка:

Во блендер ставете ги оризовите галети, бананата, урмите и путерот од кикирики. Мешајте додека состојките не се соединат во еднолична смеса. Од добиената смеса формирајте топчиња и оставете ги во замрзнувач околу 15 минути. Извадете ги од замрзнувачот и секое топче потопете го во стопеното чоколадо. Можете да ги послужите кога чоколадото ќе се стврдне. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за неодоливи кокосови бомбици кои се топат во уста.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар