Рецепт за чај со ѓумбир и куркума: За здраво срце, добра концентрација и заштита од рак!
Дали сакате да имате здраво срце, добра концентрација и во исто време да се заштитите од рак? Ви споделуваме рецепт за чај кој ги содржи сите овие својства. Овој едноставен пијалак можете сами да го подготвите дома, а сè што ви треба е свеж корен од ѓумбир, куркума, лимон, мед и црн пипер.
Супстанците во ѓумбирот и во куркумата имаат силни антиинфламаторни својства. Дејствуваат како вистински природни аналгетици, а ова се само дел од нивните лековити својства:
- ублажување на воспаление и инфекција
- заштита од рак
- зајакнување на имунитетот
- подобрување на функциите на мозокот
- го стимулираат варењето
- помагаат при дијабетес, деменција и Алцхајмерова болест
- придонесуваат за здравјето на кожата
- имаат антидепресивни својства
Покрај лимонот и медот, кои се моќни антиоксиданси, во чајот задолжително додадете црн пипер кој содржи пиперин. Тоа е активна супстанција која ја зголемува апсорпцијата на куркумата во организмот, затоа секогаш се претпочита да се консумира куркума со додавање на црн пипер.
Потребни состојки:
- 1 чаша вода
- 1 лажичка рендан свеж корен од ѓумбир
- 1 лажичка куркума
- 1 лажичка мед или сок од лимон
- 1 лажичка црн пипер
Начин на подготовка:
Оставете ја водата да зоврие. Потоа додадете ги ренданиот ѓумбир и куркумата и оставете да отстои 10-15 минути. Процедете го чајот и додадете црн пипер, сок од лимон и мед (кога чајот малку ќе се олади) и уживајте во овој здрав напиток. Пијте го овој чај еднаш дневно за да уживате максимално во неговите здравствени придобивки.
Извор: atma.hr