Рецепт за брза торта: Повкусна е и од сладолед!

Рецепт за брза торта: Повкусна е и од сладолед!

Доколку ви се најават неочекувани гости, а немате доволно време, ова е рецептот за вас. Станува збор за сочна, освежителна и вкусна торта која може да се направи со секое овошје. Готова е за само 15 минути!

Рецепт за брза торта: Повкусна е и од сладолед!

Потребни состојки:

  • 500 грама слатка павлака
  • 400 грама кисела павлака
  • 130-150 грама шеќер во прав или друг засладувач
  • 400 грама мелени бисквити (по избор)
  • 100 грама кокосово брашно
  • 400 грама замрзнати бобинки (шумско овошје, јагоди или капини…)
  • шлаг за декорација (по избор)

Начин на подготовка:

1. Прво изматете 500 милилитри слатка павлака. Во друг сад ставете 400 грама павлака, додадете 130 грама шеќер во прав и кратко измешајте со миксер. Потоа, додадете ја киселата павлака во садот со слатката павлака, измешајте и префрлете во поголем сад.

2. Додадете 100 грама кокос. Доколку не ви се допаѓа кокосот, можете да ја зголемите количината на мелените бисквити за 100 грама.

3. Додадете 400 грама мелени бисквити и 400 грама замрзнати малини или замрзнато овошје и измешајте.

4. Префрлете ја смесата во калапот и покријте со проѕирна фолија.

5. Ставете ја тортата во фрижидер или замрзнувач, а по еден час извадете ја тортата и декорирајте со шлаг. Одозгора можете да посипете малку кокос или рендано чоколадо, чоколадни трошки или капки. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за торта со боровинки и чоколадо.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар