Рецепт на денот: Чоколаден мус со нане и боровинки
За љубителите на чоколадото е доволно нивниот десерт да ја содржи само таа мала, главна состојка која го зголемува серотонинот. Но, кога во неа ќе додадеме нане и боровинки, тогаш тоа е навистина мал рај за љубителите на слатките задоволства.
Потребни состојки
- 1 литар слатка павлака
- 200 грама чоколадо за готвење
- 125 грама путер
- 3 јајца
- 90 грама шеќер
- 2 шаки свежо нане
Начин на подготовка:
Загрејте ја павлаката додека не почне да испарува. Потоа додајте ги листовите нане и оставете да отстои еден час. Процедете и изладете. Заедно растопете го чоколадото и путерот на пареа. Изматете ги јајцата и шеќерот додека не добиете пенлив, светложолт крем. Процедете го ладниот крем, а листовите нане фрлете ги.
Лесно, со жица за матење, измешајте ја павлаката, но нека не стане премногу цврста. Во смесата со павлака и жолтиот крем додајте ја чоколадата и помешајте. Сипете во чаши и оставете да отстои еден час. Непосредно пред служење декорирајте го десертот со парчиња црно чоколадо и боровинки или кое било друго шумско овошје.
А, за вистинските љубители на чоколадото подготвивме чоколадни десерти за кои ви се потребни само 3 состојки