Разговори што треба да се прават лице в лице
Лесно е да одржувате пријателства преку социјалните мрежи како Фејсбук и твитер… добивате известувања за родендени, знаете кој имал тежок ден и што ново му се случило… и сè тоа без да го завртите телефонскиот број.
Живеејќи брз и динамичен живот, секој од нас има широк круг од пријатели и познаници кои ги запознава речиси секој ден. Но, сите имаме и еден интимен круг од најблиските кои најмногу ни значат. Треба да се знае дека постојат некои разговори кои е подобро да се направат во живо или во најмала рака преку телефон, наместо преку СМС или Фејсбук „четување“ – тонот на гласот, изразите на лицето и сосредоточеноста се губат кога не се ставени во комуникација лице в лице. Прочитајте кои се тие разговори:
Раскинување
Без оглед на тоа како прекинала врската со вашиот партнер и кои се причините за тоа, најдобро е ова да се направи и каже в лице.
Покана за на кафе
Поканете го на кафе оној кој ви се допаѓа кажувајќи му го тоа в лице. Така, ќе оставите впечаток дека сте заинтересирани и сериозни во врска со поканата.
Честитање роденден
Вашиот пријател заслужува повеќе од СМС-порака или честитање на ѕидот на неговиот Фејсбук-профил.
Изразување сочувство
Покажете им со своето присуство на најблиските дека сочувствувате со нивната болка или загуба.
Првото „те сакам“
Соберете храброст и реченицата „те сакам“ нека излезе од вас токму пред лицето на саканата личност.
Известување за бременост
Сигурно не сакате да дознаете дека вашата најблиска пријателка е бремена преку статус на Фејсбук, нели?
Известување за развод
Истото што важи за раскинувањето, важи и за разведувањето. Иако лутината може да ве совлада до степен што ќе сакате сите ваши Фејсбук-пријатели да сочувствуваат со вашата болка и бес, ова не е вистинскиот начин да дознаат за ова вашите роднини, а уште помалку роднините на вашиот доскорешен партнер.
Проблеми во врската
Не е пријатно вашите пријатели на Фејсбук да ги читаат вашите љубовни драми и препукувања преку статуси и видео клипови со посвета. Недоразбирањата и проблемите се решаваат со разговор лице в лице.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Site razgovori e potrebno da se pravat lice vo lice odnosno vo cetiri oci preku mobilen i facebook nisto ne se pravi :))
сето тоа е мн добро кажано, но нека служи за пример на помладите корисници на фејзбук кои се „исповедаат“ на истиот
Точно така!!