Разбудете ги вашите сетила: Чоколадни палачинки со шумско овошје

Разбудете ги вашите сетила: Чоколадни палачинки со шумско овошје

Доколку немате идеја што да подготвите како десерт за вашето денешно мени, тогаш одлучете се за овие вкусни чоколадни палачинки кои ќе ви ги разбудат и разиграат сетилата

Разбудете ги вашите сетила: Чоколадни палачинки со шумско овошје

Потребни состојки:
За палачинките:
  • 220 грама брашно
  • 75 грама какао
  • 2 лажички шеќер
  • 400 милилитри кисела вода или млеко
  • 2 лажички растопен путер
  • 2 јајца
За филот:
  • 250 милилитри слатка павлака
  • 200 грама шумско овошје
За преливот:
  • 200 грама слатка павлака
  • 200 грама црно чоколадо
Начин на подготовка:
Палачинки:

Во длабока чинија измешајте го брашното, какаото и шеќерот. Постепено ставете ја киселата вода или млекото и мешајте додека не се добие фина, хомогена смеса без грутчиња. Сматете ги јајцата со виљушка и додадете ги во смесата заедно со растопениот путер. Загрејте го путерот и подгответе ги палачинките на вообичаениот начин. Од оваа мера може да се направат околу 10 палачинки.

Фил:

Сматете ја слатката павлака во шлаг и филувајте ги изладените палачинки. Преку филот распоредете го шумското овошје и сѐ заедно замотајте во ролат.

Прелив:

Загрејте ја слатката павлака. Штом ќе зоврие, тргнете ја од ринглата и додадете го чоколадото искршено на коцки. Мешајте додека не се растопи. Палачинките прелијте ги со топлиот прелив и веднаш сервирајте.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар