Растенија што можете да ги садите во јуни за вашиот мирислив летен балкон

Растенија што можете да ги садите во јуни за вашиот мирислив летен балкон

Ако сè уште не сте одлучиле кои растенија да ги засадите за ова лето, не грижете се. Сè е прашање на проценка и секоја сезона е различна. Иако јуни не го означува почетокот на сезоната на садење, не го означува ниту крајот. Всушност, постојат многу растенија што можете да ги засадите овој месец, а тие ќе растат цело лето.

1. Сончоглед

Растенија што можете да ги садите во јуни за вашиот мирислив летен балкон

Овој волшебен цвет ги симболизира сонцето, летото, среќата и спокојството. Расте само во летните месеци, од јуни до септември и не може да живее без сонце.

2. Цинија

Растенија што можете да ги садите во јуни за вашиот мирислив летен балкон

Овој цвет е совршен летен избор за оние кои немаат многу време да се занимаваат со цвеќиња. Зиниите се многу издржливи, а освен повремено наводнување, не бараат ништо друго.

3. Невен

Растенија што можете да ги садите во јуни за вашиот мирислив летен балкон

Цветовите од невен можат да имаат жолта и портокалова боја. Неговите лисја се покриени со влакна и цветаат од почетокот на летото до средината на есента. Невенот е познат и по своите лековити својства.

4. Целозија

Растенија што можете да ги садите во јуни за вашиот мирислив летен балкон

Целозијата е многу издржливо растение кое најмногу успева на директна сончева светлина и добро ја поднесува сушата. Овие цвеќиња имаат убави светли нијанси, како што се розовата, црвената, жолтата и портокаловата, но изгледаат импресивно и во бела боја, а можат да бидат и двобојни.

5. Каранфил

Растенија што можете да ги садите во јуни за вашиот мирислив летен балкон

На ова цвеќе му е потребно многу влага за да расте, па затоа треба да се наводнува често. Што се однесува до положбата, каранфилот сака многу светлина, но не и директно изложување на сонце.

Прочитајте за каладиумот – украсно растение што се вклопува во секој ентериер.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар