Работи во домот што можат да предизвикаат анксиозност

Работи во домот што можат да предизвикаат анксиозност

Во денешно време стресот е нормална работа. Некои психијатари дури сметаат дека е корисен бидејќи ги поттикнува луѓето да работат на промени. Но анксиозноста може навистина да го намали квалитетот на вашиот живот.

Работи во домот што можат да предизвикаат анксиозност

Симптомите на анксиозност можат да се намалат со редовно вежбање, медитација или со други техники за опуштање. Но, добро е да знаете и кои работи во вашиот дом можеби ви ја влошуваат анксиозноста.

Врева

Причината за анксиозноста може да биде вревата која допира до вашиот дом. Ако живеете во близина на прометна улица или во соседство со кучиња, голема е веројатноста да го имате овој проблем. Но не грижете се, има решение и за него. Можете да го намалите влијанието на бучавата со таканаречена бела врева, односно звуци од вода, дожд, лисја и слично. Благодарение на Интернетот можете многу лесно да ги пронајде овие звуци. Друго нешто што може да ви помогне е и подебела завеса.

Хемикалии

Денес хемикалиите се наоѓаат насекаде околу нас. Но доколку страдате од анксиозност, добро е да дознаете како одредени хемикалии влијаат на вашето физичко и ментално здравје. Друга опција е да ги замените производите за чистење со природни, или да направите свои.

Светло

ЛЕД светилките, флуоресцентното светло и сината светлина од екраните можат да ги влошат симптомите на анксиозност. Поради ова направете попријатна атмосфера со светлата во домот. ЛЕД светилките заменете ги со „потопли“ и престанете да ги користите електронските направи со екран околу два часа пред спиење.

Воздух

Едно истражување покажало дека воздухот на поголемата надморска височина може да ги засили симптомите на анксиозност. Покрај воздухот, лошо влијание на психичката состојба има и смрдеата. Па, проверете ја корпата за отпадоци. Редовно проветрувајте го домот, тргнете ги завесите за да влезе сончева светлина и набавете растенија со кои ќе го исчистите воздухот.

Дали знаете како анксиозноста влијае на вашето физичко здравје?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар