Работи кои можете да ги правите и без вашиот мобилен телефон
Во денешно време сите сме опседнати со технологијата. Нашите телефони неизбежно ги земаме со себе кога го напуштаме домот. Многумина паничат кога ќе го заборават телефонот дома, па веднаш организираат такси или некој од домашните да им го донесе. Како да не може да помине ни еден ден без мобилниот.
Зададете си еден интересен проект: заборавете го телефонот намерно дома. Еве што сѐ можете да правите и како би изгледал вашиот ден.
1. Сликање
Пред ерата на модерните апликации за сликање и цртање, платното и боите беа незаменливи. Вратете им се. Ако сликате секој ден можете да го намалите нивното на стрес и анксиозност.
2. Дремка без аларм
Студиите покажуваат дека чувањето на телефонот покрај главата може да ви го наруши сонот. Спијте додека ви се спие.
3. Трчање без музика
Наместо да слушате музика, уживајте во звуците на природата. Плус, ќе бидете свесни за она што се случува околу вас и ќе бидете подготвени за евентуалните непредвидливи ситуации. Додека слушате музика не можете да го чуете автомобилот зад вас.
4. Дружење со домашниот миленик наместо гледање видеа од други миленици
Лесно е човек да се навлече на смешни видеа со домашни миленици, но многу подобро ќе го поминете времето доколку се дружите во живо со вашиот миленик. Една неодамнешна студија покажала дека 20% од сопствениците на миленици попрво би гледале видеоснимки од миленици одошто да си играат со нив. Играјте со вашето домашно милениче. И тоа е, докажано, добро за намалување на стресот.
5. Одење во кино или во театар
Престанете да гледате сѐ на вашиот телефон. Излезете сами или со пријателите и појдете на филм во кино или пак на театарска претстава. Ќе видите колку е поинакво тоа доживување.
6. Пишување на хартија
Студиите откриваат дека запишувањето на работите за кои сме благодарни имаат добро влијание врз општата среќа, а самиот чин на пишување може да ви помогне да учите подобро. Наместо да запишувате во вашиот телефон, вратете се на старомодниот начин.
7. Одење на прошетка
Појдете на прошетка без телефонот. Можеби некој ќе ве бара. Ако. Вие одмарајте малку во природа. Подоцна ќе се јавите.
8. Готвење според рецептите од баба
Рецептите од интернет се супер, но најпроверени се рецептите од кои веќе сте го пробале финалниот продукт. Фамилијарните рецепти од баба се оние најдобрите.
9. Одење на вечера со пријателите
Во храната треба да се ужива, не само да се поставува на Инстаграм. Следниот пат кога ќе одите на вечера со пријателите, договорете се да не ги користите телефоните и играјте ја играта „кој прв го допре телефонот, тој ја плаќа сметката.“
10. Читање весник
Секако дека ако читате вести од интернет имате можност први да дознавате што се случува, но хартија си е хартија. Чувството меѓу прстите кога ги вртите страниците, мирисот на печатарската боја, па и благата болка во мускулите од држење на весникот, се едноставно незаменливо искуство.
11. Пополнување енигматика
Кога веќе го имате весникот в рака, решете некој крстозбор или судоку наместо да изиграте некоја игра на вашиот телефон.
12. Читање книги
Читањето е неверојатно корисно за мозокот. Впуштањето во добра приказна може да го намали нивото на стрес, да ви помогне да спиете подобро и да бидете поемпатични.
13. Возење без цел
Седнете зад воланот и само возете. Без крајна дестинација.
14. Прелистување на старите албуми со слики
Оставете ги сликите од Фејсбук и оние со кои го имате наполнето вашиот телефон. Земете в рака вистински албум, сами или со вашата мајка. Ќе ве потсети на минатото и ќе ви даде оптимизам и доза самодоверба.
15. Медитација
Наместо да пуштите смирувачка музика додека правите нешто созема друго, исклучете ги звуците од вашиот телефон и медитирајте во тишина неправејќи ништо. И медитирањето е добро за намалување на стресот, а дополнително може да го зајакне имунолошкиот систем.
16. На пијалак со колегите или старите пријатели
Договорете се да се видите со некои луѓе со кои се немате видено одамна. Сигурно ќе имате што да си кажете, а телефонот нема да ви биде воопшто потребен во добро друштво и со добар муабет.
17. Набљудување на изгрејсонцето и зајдисонцето
Само застанете и набљудувајте го излегувањето на сонцето. Немојте да го фотографирате во желба да го „фатите“ моментот. Уживајте во моментот додека се случува пред вашите очи.
18. Ден со семејството
Поминете еден ден со родителите или со вашите деца. Според едно истражување, вредноста на социјалните врски изнесува 131.232 долари годишно, со оглед на нивото на задоволство кое се добива од нив.
19. Сложување сложувалка
Навистина сложувалките не се евтини, но уживањето во поврзувањето не може да се спореди со ваквите игри на вашиот мобилен телефон.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.