Психолог ги открива 15-те совети што ќе ви го олеснат животот

Психолог ги открива 15-те совети што ќе ви го олеснат животот

Ако се грижите за вашето тело, многу брзо ќе се чувствувате подобро. Вежбањето и здравата исхрана веднаш даваат резултати и им помагаат на телото и умот да се справат со многу проблеми, вклучувајќи ги и анксиозноста и депресијата. Покрај грижата за телото и физичката активност, постојат и други начини на кои можете да го подобрите вашето ментално здравје и да си го направите животот полесен.

Психолог ги открива 15-те совети што ќе ви го олеснат животот

1. Прифатете ги вашите емоции

Некои сметаат дека повеќето физички и ментални проблеми потекнуваат од неспособноста правилно да ги доживееме емоциите. Кога сме тажни, бесни или исплашени ние тоа го негираме, го рационализираме, го криеме со лекови и алкохол, спиеме… Некои луѓе трошат повеќе енергија обидувајќи се да ги избегнат емоциите отколку да се справат со нив. Поради ова важно е да ги чувствувате вашите емоции. Дури кога ќе го спуштите вашиот ѕид подобро ќе разберете зошто сте повредени и што сакате да направите во врска со тоа.

2. Ризикувајте секој ден

Структурата и рутината се важни, но во нив лесно можете да заглавите. Ова значи дека ќе нема никаков напредок. Затоа е добро и корисно да преземате одредени ризици. Поставете си предизвик секој ден да преземете некој ризик, без разлика дали е тоа разговор со странец, искажување на некое ваше мислење или што било што ќе ве натера да излезете од удобната зона.

3. Живејте во сегашноста

Менталното здравје страда кога сте опседнати со она што се случило или со она што ви го направиле другите. Важно е да преземете одговорност за она што го правите и создавате денес. Живејте во сегашноста без премногу да размислувате за иднината или за минатото.

4. Бидете интроспективни

Избегнувајте да лутате низ животот без да се процените самите. Одвреме-навреме поставувајте си прашања како: Избегнувам ли да прифатам нешто и пружам ли отпор за што било во мојот живот? Исто така важно е да размислите од каде потекнуваат вашите мисли, чувства и однесувања.

5. Смејте се

Понекогаш се однесуваме премногу сериозно во врска со животот. Во ова ќе ве увери фактот дека децата се смеат 200 пати дневно, додека возрасните само 15. Правете што било што ќе ве насмее, од гледање комедии до играње забавни игри.

6. Дефинирајте ги вашите вредности и живејте според нив

Вашите вредности ви се како внатрешен водич низ животот, ви помагаат да донесете правилни одлуки и да се држите до правиот пат. Ако ги знаете вашите вредности и живеете според нив, ќе чувствувате рамнотежа и исполнетост.

7. Утврдете ја вашата индивидуална сила и искористете ја

Ова ќе ви помогне да се чувствувате способно и полно со енергија.

8. Следете ги вашите мисли

Може да се случи да западнете во бескраен циклус од негативни мисли кои ве обземаат, а воопшто да не бидете свесни за тоа. Овие мисли го влошуваат вашето расположение, а со текот на времето ќе почнете и да верувате во нив. За среќа, можете да ги контролирате овие мисли и да сфатите дека се погрешни и подложни на промена.

9. Покажете благодарност

Кога ќе почнете да се заблагодарувате ќе ви се промени целокупниот поглед кон животот. Секое утро размислете за 3 нешта за коишто сте благодарни. Наведете и барем 10 причини зошто сте благодарни за вашето работно место. Ова ќе ви помогне да се чувствувате подобро во врска со вашата работа.

10. Откријте ја вашата страст

Размислете за вашите страсти. Имало ли нешто што сте сакале да го правите, но сте престанале? Дајте му втора шанса. Ако сè уште не знаете што е она што го сакате, пробувајте разни хобија дури да се одлучите.

11. Правете го она што ве прави среќни

Понекогаш сигурно се чувствувате како сите денови да ви се исти, а тоа може да стане заморно и депресивно. Почнете го секој ден правејќи нешто што го сакате и што ве прави среќни.

12. Ослободете се од лошите нешта

Обично постои барем едно нешто во вашиот живот што само ви создава проблеми. Откријте кој или што е ова нешто и отстранете го од вашиот живот. Можеби ви изгледа безначајно, но и најмалата нервоза може да го влоши вашето расположение.

13. Опкружете се со позитивни миризби и звуци

Нашето опкружување може да ни влијае на здравјето. Можете да предизвикате позитивни емоции со ароми како лимон и нане. Исто така пуштајте музика којашто ќе ви го подобри расположението.

14. Инспирирајте се

Наоѓајте инспирација во сè, од читање книги до читање весници.

15. Одвојте време за медитација

Секој ден одвојте барем неколку минути да седнете, да се релаксирате и да дишете. Многумина мислат дека медитацијата е комплицирана, но таа не бара многу време и труд, а може навистина да ви помогне.

Дознајте и која навика може да ви го смени животот на подобро.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар