Прсти да излижете: Рецепт за „пица“ од зеленчук

Прсти да излижете: Рецепт за „пица“ од зеленчук

Денес ви споделуваме рецепт за „пица“ од зеленчук која може да се служи за ручек или за вечера и е особено погодна за дружење со пријателите. Станува збор за едноставен и брз рецепт што секој може да го подготви!

Прсти да излижете: Рецепт за „пица“ од зеленчук

Потребни состојки:

  • 1 модар патлиџан
  • 2 пиперки
  • 2 тиквички
  • 1 брокула
  • сол
  • маслиново масло
  • 3 домати
  • босилек
  • 130 грама лебни трошки
  • 60 грама пармезан
  • рузмарин
  • 3 чешниња лук
  • 8 шери домати
  • ½ црвен кромид
  • моцарела
  • мајчина душица

Начин на подготовка:

1. Исечкајте ги на поголеми парчиња модриот патлиџан, тиквичките, пиперките и брокулата. Наредете го зеленчукот во сад за печење и додајте маслиново масло. Печете околу 30 минути во рерна на 200 степени целзиусови.

2. Сечете ги на мали парчиња 3 поголеми домати, посолете и додајте босилек.

3. Во друг сад додадете ги лебните трошки, пармезанот, изрендајте го лукот и промешајте. Исечете ги шери доматите на половина. Исечете и половина од црвениот кромид.

4. Кога зеленчукот ќе биде готов, прелијте го со сос од домати, ставете ја смесата со лебни трошки и пармезан и малку маслиново масло.

5. Додајте моцарела, наредете ги црвениот кромид и шери доматите и на крајот додадете мајчина душица. Печете уште 15 минути на температура од 204 степени.

Откако го прочитавте нашиот предлог за денешното мени, можеби ќе сакате да прочитате и како да направите совршено тесто за пица.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар