Професионален вокабулар: Овие 5 фрази не се пожелни на вашето работно место

Професионален вокабулар: Овие 5 фрази не се пожелни на вашето работно место

Кога разговараме, особено во работното опкружување, всушност се презентираме себеси и им дозволуваме на останатите да создадат општ впечаток за нас. Токму поради таа причина овие пет вообичаени фрази би требало да ги елиминирате од вашиот вокабулар и тоа уште денес.

1-raboten-vokabular-ovie-5-frazi-ne-se-pozhelni-na-vasheto-rabotno-mesto-www.kafepauza.mk_

1. „Извести ме кога ќе имаш информации“

Оваа фраза е честа појава на самиот крај од имејлот, бидејќи знае да звучи доста учтиво, меѓутоа таа го прави токму спротивното. Со реченица како оваа вие всушност ја префрлате обврската на вашиот колега, наместо да преземете иницијатива. Најважно е во имејлот да поставите клучни прашања што ќе ви овозможат што повеќе да се вклучите во одредена задача, а не да чекате некој друг да ви испраќа информации. Одличната замена за оваа фраза би гласела: „Извести ме дали можам да помогнам во врска со тоа“ или „Ќе ги повикам колегите денес, па потоа ќе ви ги пренесам информациите.“

2. „Ми се чини дека…“ или „Мислам дека би требало…“

Фразите како овие прават да изгледате доста несигурно, што дополнително ќе влијае на тоа за останатите да не ве сфаќаат сериозно. Само замислете ја ситуацијата во која на вашиот надреден му кажувате: „Мислам дека би требало да добијам покачување“. Поефективен пристап во овој случај би бил: „Сметам дека би требало да го разгледате случајот за повишување на мојата плата од X, Y и Z причини.“

3. „Нема на што“

Без разлика дали се во прашање ситни предизвици или некоја работна пресвртница, доколку некому сте му направиле услуга, секако дека тој има за што да ви се заблагодари. Наместо фразата која до сега сте ја користеле и сте ја сметале за регуларна, следниот пат на вашиот колега само благо насмевнете му се и препуштете да ве преплави она преубаво чувство кога некој го почитува вашиот труд.

2-raboten-vokabular-ovie-5-frazi-ne-se-pozhelni-na-vasheto-rabotno-mesto-www.kafepauza.mk_

4. „Ова најверојатно е лоша идеја, но…“

Никогаш не правете го ова! Кога на памет ќе ви падне некоја сјајна идеја, немојте да ја соопштите на останатите со претходно наведување на мааните и дупките во планот. На тој начин покажувате дека сте нервозни и дека всушност се срамите од вашите замисли!

5. „Не сум сигурен/на како се работи ова“

Сте слушнале за Гугл? Пред да го прашате вашиот шеф или колега, обидете се самите да го одговорот за вашите недоумици. Не само што е побрзо, туку и ќе направи да изгледате попаметно и посилно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар