Прочуена јапонска диета со која можете да изгубите 8 килограми за 14 дена
Придржувајќи се до планот на исхрана на оваа надалеку позната јапонска диета, можете да ослабете и до 8 килограми за 14 дена.
Јапонија е земја со долга традиција во кулинарството, а храната најчесто им се состои од морски плодови и ориз. Многу се користи и сојата, како одличен извор на билни протеини. Јапонците, релативно доцна почнаа да пијат кафе, но зелениот чај во нивната култура е одамна почитуван. Нивната кујна е ниско калорична, а богата со влакна, протеини, билни масти, како и витамините А, Б, Ц, Д и Е.
Меѓутоа, планот на оваа диета не е базиран на јапонските кулинарски специјалитети, туку повеќе на вода, кафе, зеленчук, сирење, риба и месо.
Главно правило на оваа прочуена јапонска диета е тоа што, штом ја почнете морате да ја завршите. Затоа, не менувајте ги намирниците, ниту количината. Рибата и месото можете да ги пржите и во билно масло.
За време на оваа диета не смеете да јадете:
- сол – бидејќи влијае на задржувањето на вишокот течности во организмот
- шеќер – затоа што е главен виновник за зголемувањето на килограмите
- леб – првенствено затоа што е производ од бело брашно
- алкохол – влијае негативно на метаболизмот и спречува исфрлање на токсините
Важно е да не дозволите да бидете жедни, односно да не дехидридате, па постојано треба да пиете минерална вода.
Појадок
Оваа диета подразбира исфрлање на појадокот од планот за исхрана. За време на овие две недели можете наутро да пиете по една шолја кафе. Понекогаш кафето можете да го замените со шолја зелен чај, една овошка или еден изрендан морков со сок од лимон. Сепак, кафето е основен елемент на оваа јапонска диета, бидејќи содржи природни антиоксиданси. Имајте на ум дека морате да пиете природно кафе, па затоа заборавете на инстант кафињата.
Ручек
За овој оброк одлучете се за риба или месо со зеленчук. Во комбинација можете да направите свежа салата, да пропржите зеленчук, да изрендате морков или зелка или краставица салата. Јапонската диета не подразбира мали порции, па можете да изедете и половина пиле, доколку сте гладни.
Вечера
За разлика од претходните два оброка за вечера имате поголем избор. Можете да јадете овошје, јајца, сирење или кефир. Исто така, повторно можете да јадете риба или месо со зеленчук, но во многу помала количина.
Напомена: Со оваа диета можете да изгубите 7-8 килограми за 14 дена, но докторите препорачуваат да ја држите максимум два пати годишно.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Niedna dieta koja vrsi restrikcija na oddelni namirnici a za smetka na niv preferira drugi i toa vo pogolemi kolicini ,makar i da se primenuva za odreden oeriod ne e dobra .Treba da se najde balans megu site namirnici bidejki vo nivnata raznolikost se naogja celata paleta na vitamini i minerali koi se potrebni za zdravo funkcioniranje na organizmot.Japoncite sekako se poznati kako pocituvaci na zdravata hrana no vsusnost i samiot niven nacin na ishrana e takov ,no nivnata osnova se naogja vo najprvo pienje na dosta razlicni caevi koi ne samo sto go reguliraat metabolizmot tuku i go snabduvaat so tolku potrebnite antioksidansi , ribata,celozrnestite zitarki i zelencuk prigotven ili na parea ili kratko proprzen na visoka temperatura vo vok tava koe od svoja strana si ima zosto toa taka.Seto ova ne e svojstveno za naseto podnebje pa zatoa treba prilagoduvanje na bilo kakva druga dieta ili vo kraen slucaj ako se odlucite za takvo nesto treba najnapred da napravite barem osnoven lekarski pregled.
So pocit Vesna Piruzeva Petrovska
Pocituvana g-gja Vesna, ova e DIETA, a ne nacin na ishrana…Se primenuva samo odreden period(vo slucajov 14 dena i ne e opasna po zdravjeto.Problem bi bilo dokolku se primenuva dolgo vreme, bidejki na organizmot mu se potrebni i jagleni hidrati i oligoelementi, a ne samo proteini, za da moze pravilno da funkcionira.Vklucuvajki ja i solta, koja vo site dieti e zabraneta zaradi zadrzuvanje na tecnosti, no se previduvaat nejzinite benefiti po zdravjeto na tiroidata, poradi toa sto sodrzi magnezium, koj nie kako kopnena zemja ne mozeme da go iskoristime na drug nacin, osven preku solta, ili zemanje na suplementi…