Пробувајте нови вкусови за да престанете да бидете пребирливи

Пробувајте нови вкусови за да престанете да бидете пребирливи

Иако се верува дека децата се оние кои не сакаат да јадат ништо друго освен помфрит или пица, некои луѓе никогаш нема да престанат да бидат пребирливи. Според една анкета направена на повеќе од 1.300 личности, дури 18% од учесниците биле пребирливи. Ако секогаш ве вознемирува храната што се наоѓа во вашата чинија и не сакате да пробувате различни вкусови и намирници, ќе пропуштите неколку здравствени придобивки што ќе ве направат поздрави и посилни.

Пробувајте нови вкусови за да престанете да бидете пребирливи

Погледнете што пропуштате ако сте пребирливи и како да ја смените оваа навика:

Ќе внесувате многу повеќе хранливи материи

Ако сте отворени за експериментирање и ако се одвикнете од некои лоши навики, тоа ќе ви се исплати многу. Оние што пробуваат и јадат различни видови намирници внесуваат храна побогата со витамини и минерали. Луѓето кои пробуваат нова храна консумираат повеќе протеини, здрави масти и магнезиум од оние кои не сакаат да пробуваат различна храна.

За да стекнете нови навики, кога нарачувате храна во ресторан, секогаш обидувајте се да пробате нешто ново од менито или секој пат кога одите во маркет купете нешто што не е на вашата листа со намирници.

Поздраво тело

Луѓето кои консумираат повеќе намирници имаат помала веројатност да имаат различни воспалителни процеси во организмот и имаат регулирано ниво на холестерол, како и помал ризик од заболување од дијабетес и од срцеви заболувања во споредба со оние кои не сакаат да пробуваат нови состојки.

Љубителите на храната јадат риби многу почесто, така што внесуваат повеќе омега-3 масни киселини. Ако сте пребирливи, време е да ги замените вашите неделни порции пилешко со лосос.

Ќе бидете расположени

Отвореноста за пробување на сите видови вкусови носи новост во вашиот секојдневен живот. Лесно е да се подготви истиот појадок или ручек, но кога ќе започнете да ги менувате навиките, ќе уживате во интересни вкусови и комбинации на состојки, вклучително и на зачини кои се полни со антиоксиданти.

Пред да започнете со јадењето, восхитувајте им се на боите. Обрнете внимание на вкусот и на мирисот на храната. Кога ќе започнете да го правите тоа, ќе бидете повеќе инспирирани додека готвите.

Не биди пребирливи и вашиот организам ќе ја вари храната подобро

Кога јадете разновидна храна богата со пробиотици и пребиотици, ги снабдувате цревата со потребните бактерии кои ви помагаат да останете здрави. Една од намирниците што треба да ги пробате е питаја, која е полна со пребиотици што ги обновуваат цревата.

Прочитајте кои 11 намирници може да траат со години ако ги чувате правилно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар