Пристигна времето на кожни здолништа, а еве како ќе ги носиме во текот на оваа сезона
Секоја есен кожните здолништа одново и одново ги освојуваат нашите срца. Исто како кожните јакни, така и кожните здолништа станаа омилена класика и една од причините зошто ѝ се радуваме на есента. Сестрани, впечатливи и прилагодливи на различни стилови… Постојат многу причини зошто не излегуваат од мода, а за нивната популарност допринесуваат и новите тренди модели кои пристигнуваат секоја сезона.
Вам ви преостанува да го изберете омилениот крој, должина и текстура, а за што и да се одлучите за оваа есен нема да погрешите. Се носат мини и макси модели, од брусена кожа или сјајна винила, баш како и разни силуети. А, само едно кожно здолниште во вашиот гардеробер носи низа нови модни комбинации.
Ако сакате да играте на сигурно, комбинирајте го кожното здолниште со џемпер. Контрастот помеѓу различните текстури на ткаенини ќе ви дадат модерен и лежерен изглед, а ќе изгледате одлично со минимален труд.
Додека не дојдат студените зимски денови, одлична комбинација ќе биде кожното здолниште со кошула или обична блуза. Без разлика што ќе изберете, вовлечете го горниот дел во здолништето, а врз него облечете тексас јакна или некоја друга наметка и ќе добиете совршена есенска модна комбинација за целиот ден.
Уште една голема предност на кожните здолништа е тоа што се совршени за на работа, особено доколку станува збор за модел до колена. Независно од тоа дали ќе го комбинирате со некоја посвечена блуза или со обична бела блуза, работната елеганција ви е гарантирана.
Голем тренд за оваа есен е уште едно класично здолниште, па токму заради тоа погледнете како да го комбинирате тексас здолништето во текот на оваа есен.
КОЖНИ се болестите, здолништата може да се евентуално КОЖЕНИ