Природна маска која ќе ви помогне да се ослободите од дамките и лузните на лицето

Природна маска која ќе ви помогне да се ослободите од дамките и лузните на лицето

Доколку имате навика да го чепкате лицето, знаете колку лесно може да ви засмета некоја нерамнина, па од незабележителна акна или црнка да направите рана, а потоа и дамка која не исчезнува. Иако не ве поддржуваме во оваа навика, ако сепак некогаш ви се појави лузна од чепкање на лицето, оваа едноставна природна маска ќе ви помогне да го вратите неговиот еднаков изглед.

Природна маска која ќе ви помогне да се ослободите од дамките и лузните на лицето

Потребни состојки:
  • 1 кафена лажичка мед
  • 1 кафена лажичка цимет (или 2 капки етерично масло од цимет)
Начин на подготовка, користење и чување:

Добро измешајте ги медот и циметот и од добиената смеса нанесете на проблематичните делови на лицето. Оставете да делува 20-25 минути, а потоа исплакнете се со вода. Остатокот од подготвената смеса можете да го чувате во фрижидер 4-5 дена. Потоа треба да направите нова.

Оваа маска можете да ја нанесувате и на целото лице, но во тој случај, држете ја само 10 минути.

Контраиндикации:

Медената маска со цимет не им се препорачува на лицата кои страдаат од купероза, розацеа и други васкуларни заболувања на кожата, бидејќи медот дополнително ги жири крвните садови.

Како замена за мед може да послужи и бела или зелена глина. И во тој случај се меша со цимет во прав во ист сооднос, а потоа се разблажува со вода до посакуваната густина.

Алтернативен третман на дамките на лицето со микс од етерични масла

Етеричното масло од чајно дрво помешано во еднакви пропорции со етерично масло и лаванда и сок од лимон (1:1:1) исто така делува ефикасно во отстранувањето на дамките од лицето настанати како последица на акни и црнки.

Мешавината се нанесува на проблематичните делови од лицето и се остава да делува 15 минути. Потоа се отстранува со влажно марамче. Се применува секој втор ден, а по едномесечно користење, дава одлични видливи резултати.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар