Применете ги овие тајни техники и никогаш повеќе нема да се грижите за вашата тежина

Применете ги овие тајни техники и никогаш повеќе нема да се грижите за вашата тежина

Не е никаква тајна дека поважно е да бидете задоволни од вашата тежина отколку да внесувате одреден број калории. Храната е поврзана со нашите емоции и со нашата смисла за идентитет. Оброците не треба само да го негуваат нашето тело, туку и да го одржуваат нашето емоционално и духовно здравје. Но, како што минуваат годините, ние забораваме да одредиме кога сме навистина гладни.

Применете ги овие тајни техники и никогаш повеќе нема да се грижите за вашата тежина

Повеќето од нас никогаш не доживеале вистински физички глад, туку само емоционален глад. Ние самите ја имаме искомплицирано храната, претворајќи ја во извор на конфликт наместо на задоволство и радост.

Постои начин повторно да почнете да уживате во оброците, без да чувствувате грижа на совест. За да го направите тоа, мора да јадете инстинктивно, а не импулсивно. Тука лежи тајната која ќе ви помогне никогаш повеќе да не се грижите за вашата тежина.

Вашиот стомак ги има сите одговори што ви требаат. Всушност, научниците велат дека постои секундарен мозок во стомакот кој содржи повеќе од сто милиони неврони на интелигенција! Употребете ја оваа стомачна мудрост за да јадете здраво. Оние чувства што ги имате во стомакот не се производ на вашата имагинација. Преку нив вашето тело буквално се обидува да ве советува. Послушајте го!

Следниов процес во само 3 чекори ќе ви помогне да научите да му верувате на вашиот инстинкт и да јадете најдобро што можете…

1. Обрнете внимание на тоа како се чувствувате во врска со храната

Најпрво фокусирајте се на вашето емоционално јадење. Ако ги потиснувате вашите чувства со тоа што се прејадувате или јадете нездрава храна, само ќе успеете да ја зголемите вашата тежина и чувство на вина.

Треба да му верувате на вашиот стомак и да обрнете внимание на тоа како се чувствувате пред да посегнете по храната што сакате да ја изедете. Ако застанете и слушате внимателно, вашиот стомак ќе ви каже како се чувствувате. Ако ова ви е премногу тешко, обидете се со следново: Откако ќе изедете нешто за кое подоцна ќе се покаете, не заборавајте што сте изеле. Честопати, видот на храната што ја јадеме ни покажува кои емоции се обидуваме да ги потиснеме. Понекогаш, сладоледот ни помага да го излечиме чувството на депресија. Крцкавите, солени чипсови нè смируваат кога сме под стрес и анксиозни. А парчето пита може да е замена за охрабрувањето кои ви е потребно.

Водете сметка за чувствата што сте ги имале кога ви се јадело одредена храна и поврзаноста навистина ќе ве изненади. Додека не почнете да го решавате потиснатиот проблем кој ви пречи, нездравото јадење нема да престане.

Применете ги овие тајни техники и никогаш повеќе нема да се грижите за вашата тежина

2. Запрашајте се дали сте гладни за нешто друго

Ако се справувате со вашите емоции на здрав начин и вашиот апетит сѐ уште не е задоволен, размислете за што сте навистина гладни во животот. Во кои области од животот не сте исполнети? Понекогаш прејадувањето е поврзано со потребата да се исполни недостатокот на среќа.

Вашиот ентеричен нервен систем ви покажува кои се вашите емоции. Кога ќе откриете што ви недостасува, не обидувајте се да ја пополните празнината со храна. Нема да успеете. Никогаш нема да најдете мир додека не престанете со емоционалното јадење и не почнете да го живеете вашиот живот онака како што треба.

3. Оставете ја интуицијата да ви покаже што да јадете

Вашето тело поседува бесконечна интелигенција. Всушност, постои поединечно знаење во секоја клетка од вашето тело. Тоа ќе ви каже што ви треба, ако добро го слушате. Кога ќе го истражите интуитивното јадење, вашето тело ќе ви каже кога е гладно, а кога е заситено. Вашата утроба ќе ви каже каков вид храна му е потребна на вашето тело и колку му е потребно за да не биде гладно.

Обрнете внимание на молбите на вашето тело кога ќе одлучувате што да јадете. Доколку почнете да чувствувате потреба за хранливи оброци, тоа е сигнал од вашето тело дека му е потребна одредена хранлива состојка која се содржи во таа храна. Чувствувате потреба за шеќер? Можеби вашиот крвен притисок треба да се нормализира, или на вашиот црн дроб му треба малку помош за да функционира добро. Модриот патлиџан ви звучи неодоливо? Можеби на вашиот мозок му требаат повеќе антиоксиданси.

Дали ви звучи лудо идејата да ѝ верувате на вашата утроба? Воопшто не е така. Обидете се да јадете инстинктивно 6 месеци и ќе забележите како вашето тело и здравје се менуваат на позитивен начин.

Инстинктивното јадење е пристап кон храната, а не диета.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар