Причини поради кои го губите кредибилитетот кај луѓето околу вас

Причини поради кои го губите кредибилитетот кај луѓето околу вас

Потребно е многу време да се изгради репутација, а само една мала, навидум незначајна акција за да изгубиме сè што сме граделе со години. Еве ги тие „мали нешта“ кои треба да се избегнуваат, и во приватниот и во деловниот живот.

Причини поради кои го губите кредибилитетот кај луѓето околу вас

1. Неценење на туѓото време

Доцнењето на закажаните состаноци и средби, на почеток може да се толерира, но со текот на времето ќе почне да зборува за други ваши маани, покрај навиката да доцните. Ќе ги доведе во прашање вашата искреност, способноста за организација и за менаџирање на времето, вашите лидерски способности и воопшто способноста да ги завршувате работите. Доцнејќи, всушност на другите бесрамно им велите „Не те ценам и не те почитувам“.

2. Необрнување внимание на она што се зборува

Не мора да фаќате забелешки во текот на разговорот, но можете да се обидете да го тргнете погледот од телефонот кој постојано го чепкате и наместо тоа, да остварите контакт со очите. Кога давате несоодветни одговори на прашања кои сте ги чуле до половина, другата страна го забележува тоа, а кога барате да се повтори сè што било кажано претходно, куртоазно покажувате колку не ви било гајле, и за потрошеното време на соговорникот, и за неговиот вложен труд.

3. Невклучување во толпата

Кога вашите колеги организираат некој настан или подготвуваат проект, обидете се да се вклучите подеднакво во спроведувањето на планираните активности. Поместувањето на столчињата не е доволно и јасно покажува дека не сакате да се свиткате во кичмата.

„Само добрите лидери поминуваат време работејќи помалку гламурозни работи заедно со луѓето кои се надеваат дека во иднина ќе ги водат.“

4. Ги микроменаџирате сите, освен себеси

Можете да ја следите работата на другите одблизу, постојано да ги проверувате, да ги враќате заради „влакно во јајце“ и да им кажувате како точно треба да ја работат својата работа. На крајот, кога ќе ги проценувате резултатите, можеби ќе сфатите дека не сте го постигнале максималниот ефект, веројатно поради премногу ситничарење, притоа несвртувајќи се кон себеси.

5. Игнорирање на договореното

Ако мора да ветите или да се обврзете за нешто кон луѓето околу вас, погрижете се и да ги исполните исполните ветувањата. Во спротивно, доколку не останувате доследни на договорените работи, луѓето со време ќе сфатат дека не можат да сметаат на вас и во иднина ќе го променат односот.

Причини поради кои го губите кредибилитетот кај луѓето околу вас

6. Изговори

Секогаш имате изговори за да кажете зошто не сте успеале да го реализирате договореното. Некој од овие ви звучи познато?

  • Заборавив
  • Ау, па мислев дека е на друг датум (или место)
  • Не знаев дека ти треба за денес
  • Го завршив, ама не го понесов со себе
  • Го имам во глава, само треба да седнам и да го напишам. Ако сакаш можам сега.

7. Неподдржување

Кога на вашите колеги им оди тешко при презентацијата на вашиот заеднички проект, слободно дистанцирајте се. Не мора да „скокнете“ за да им помогнете. Или?

Причини поради кои го губите кредибилитетот кај луѓето околу вас

8. Светлото е секогаш насочено кон вас

Сте забележале како секогаш ги вртите разговорите ставајќи се себеси во фокусот? Вашите постигнувања и вашите успеси се најважни и најинтересни, нели? Многу скромно.

9. Обвинување

Понекогаш се случува работите да не испаднат добро на крајот. Доколку се работи за вашиот важен проект на работа, не мора да значи дека виновни биле вашите асистенти, соработниците кои биле многу бавни или машината за производство. Патем, уште полошо е ако при сите овие „препреки“, вие сте го дале најдоброто од себеси.

10. Злоупотреба на односите со луѓето

Имате обичај да ги контактирате луѓето само кога ви треба нешто од нив. И тоа, им се јавувате, започнувате со прашања за нивниот живот, немате доволно информации за да ги прашате за некои детали кои и онака воопшто не ве интересираат, потоа вртите на „па 100 години не сме се виделе“, за на крајот да ја пуштите бомбата и да ја откриете целта на повикот. Како и да е, ова може да ви успее еднаш или максимум двапати.

Причини поради кои го губите кредибилитетот кај луѓето околу вас

11. Откажување од започнати проекти

Нормално е дека ги поддржувате проектите кои се успешни, но штом дојде тешко, се откажувате, со добро познатите изговори за негативниот исход (6) и воопшто не ви е грижа што и други луѓе вложиле труд во процесот.

12. Не прифаќате критика

Не им дозволувате на другите да ве критикуваат и да ви кажат дека некаде грешите. Се слушате само себеси и едноставно го игнорирате она што другите имаат да го кажат.

Почитта, лојалноста и кредибилитетот се важни. За да ги стекнете, почнете од точка број 1 и пишете ни кога ќе дојдете до број 12. Тогаш ќе ви кажеме „браво!“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. hehe Reply

    kazete mi bravo ! 😀

Остави коментар