Причината за лошиот здив може да биде нешто што не сте знаеле дека се крие во вашата уста
Лошиот здив знае да биде непријатна појава. Тој не се појавува само ако нередовно ги миете забите, пушите цигари или пиете многу пијалаци со кофеин. Лошиот здив може да се појави и поради едно нешто што најверојатно не ни знаете дека го имате во вашата уста.
Дали знаете што е камен во крајниците?
Доколку ги имате сите крајници на број, големи се шансите во нив да имате камен. Многу луѓе не се ни свесни дека го имаат тоа во устата бидејќи не го забележуваат кога ќе падне, но ако е доволно голем може да се почувствува како паѓа од крајниците.
Каменот во крајниците најчесто се јавува после зачестени воспаленија на крајниците или ако имате преголеми крајници со многу кратери.
Не се знае точно колку луѓе се склони за добивање на овој „камен“, но во едно истражување при коешто 150 луѓе биле изложени на магнетна резонанца на главата, околу 24% од нив покажале знаци на камен во крајниците.
Лекарите и научниците сè уште водат расправии околу настанувањето на каменот, но една работа е сигурна – мртвите клетки, слузта од устата и парчињата храна се заглавуваат во тесните отвори на крајниците каде што се стврднуваат во една хомогена маса.
Поголемиот број луѓе, како што кажавме погоре, не можат да почувствуваат дека во крајниците имаат камен. Меѓутоа, кога тој е поголем предизвикува воспалено грло, болка во ушите и лош здив бидејќи бактериите и останатите микроби се хранат со каменот кој стои во крајниците, а потоа испуштаат сулфурни нуспроизводи кои предизвикуваат непријатен здив.
Доколку не сакате да ги вадите крајниците, мора да се помирите со фактот дека редовно ќе треба да се соочувате со каменот, а методите за негово исфрлување се различни – од гаргара со солена вода, до користење течности за плакнење на устата.
Дознајте и кои се наједноставните начини за брзо ослободување од лошиот здив.