Престанете да бидете срамежливи: 4 безболни начини да го пребродите срамот

Престанете да бидете срамежливи: 4 безболни начини да го пребродите срамот

Срамежливоста, од една страна, некогаш е слатка, но некогаш може да создаде проблеми кои може да имаат големо влијание врз сите полиња од животот. Таа ја намалува самодовербата и едноставно воопшто не ви е потребна во животот. Време е да се релаксирате и да можете да се отворите. Ви ветуваме дека по применувањето на овие четири безболни чекори ќе се чувствувате подобро и послободно.

0-prestanete-da-bidete-sramezlivi-4-bezbolni-nacini-kako-da-go-prebrodite-sramot-kafepauza.mk

1. Тоа е само етикета

Мора да разберете дека вие не сте срамежливоста. Дефинитивно не сте се родиле срамежливи, туку поради одредени причини, со текот на времето сте станале срамежливи. Можеби срамежливоста се појавила бидејќи ви поставувале разни параметри за тоа какви треба да бидете, па сте чувствувале потреба дека мора да глумите, или пак постојано размислувате околу тоа како треба да се претставите себеси пред другите. Што и е да било, време е да заврши.

2. На другите не им е грижа

Во суштина, срамежливоста се појавува во моменти кога стравувате што мислат луѓето околу вас. Вистината е дека тие воопшто не мислат на вас. Луѓето се себични суштества, кои пред сѐ мислат на сопствените потреби.

Кога сте на забава, луѓето воопшто не се загрижени околу тоа дали ќе се сопнете или не сакајќи ќе го истурите пијалакот. Тие се повеќе загрижени за нивните постапки и мисли т.е. што мислат луѓето за нив. Оние пак, кои не се загрижени за тоа, сакаат да го видат вистинскиот карактер во луѓето. Ако чувствувате дека сте срамежливи, овие луѓе ќе направат да се чувствувате попријатно и ќе сакаат да ја запознаат вистинската личност која се крие под маската на срамежливоста.

1-prestanete-da-bidete-sramezlivi-4-bezbolni-nacini-kako-da-go-prebrodite-sramot-kafepauza.mk

3. Им ја одземате радоста на другите

Во принцип, ако сте срамежливи, ги чувствувате прекорувачките погледи на луѓето околу вас или пак си ги упатувате самите на себе. Како резултат на тоа, се повлекувате и си одземате некои потенцијално убави моменти од животот. Кога одите некаде, наместо да се појавите среќни дека сте на тоа место, вие се појавувате исплашени и не дозволувате вашата енергија да се рашири наоколу.

Пробајте една недела да мислите дека секаде сте добредојдени. Оваа вежба ќе ве натера да се релаксирате и да ги започнете првите чекори кон пребродување на срамежливоста. Со оваа вежба, освен што ќе се ослободите вие, и луѓето од околината ќе почнат да ве забележуваат и да ве прифаќаат. Колку повеќе позитивно размислувате – толку повеќе така размислуваат луѓето околу вас.

4. Поработете на социјалните вештини

Социјалните вештини се многу важни за градење на самодовербата. Ако уште како мали не сте научиле како да им пристапувате на луѓето, сега имате шанса. Сите почетоци се страшни, но од овој можат да произлезат само прекрасни работи. Осмелете се да го направите првиот чекор кон вашето подобрување. Одете на места каде што не познавате никој. Излезете од вашата комфорна зона и почнете сами да им зборувате на луѓето.

Истражувајте ги продавачите. Добро забележете го нивниот говор на тело, интонацијата и самиот говор. Тие ви се најдобар избор бидејќи тие постојано работат со луѓе и се експерти во комуникација. Со текот на времето ќе сфатите дека колку повеќе предизвици постепено си поставувате, толку сте поблиску до целта. Она што во еден момент ви било непријатно да го направите (во случајов зборување со луѓе), по некое време, со доволно вежбање ќе ви стане пријатно. Само вие можете да си помогнете сами на себе. Вие и никој друг.

2-prestanete-da-bidete-sramezlivi-4-bezbolni-nacini-kako-da-go-prebrodite-sramot-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар