Преку кои знаци ќе откриете дали сте алергични на алкохол или не

Преку кои знаци ќе откриете дали сте алергични на алкохол или не

Можеби се прашувате дали воопшто постои причина да се сомневате во такво нешто. Сепак, алергијата на алкохол е почеста отколку што некои мислат токму поради тоа што ги игнорираат нејзините симптоми. Затоа, важно е да бидеме свесни како нашето тело реагира на алкохолот.

Преку кои знаци ќе откриете дали сте алергични на алкохол или не

Најверојатно терминот „мамурлак“ им е добро познат на сите. Но, што ако се чувствувате болки како силно чукање на срцето, немир, дехидратација, а притоа не сте внеле големи количества алкохол во организмот?

Нетолеранцијата на алкохол подразбира помалку штетни несакани ефекти како што се чешање, затнат нос, гадење и дијареја. Од друга страна, алергиите предизвикуваат потешки симптоми како отежнато голтање, низок крвен притисок и силно чукање на срцето.

Затоа, важно е да се направи разлика помеѓу овие две работи. Анализирајте ги вашите симптоми и разговарајте со вашиот лекар кој ќе ви даде точна дијагноза. Притоа, не се исклучува можноста да бидете алергични и на некои состојки кои се содржат во одредени алкохолни пијалаци како квасец, глутен, хмељ и слично. Тоа значи дека можеби сте алергични на само една специфична состојка која се наоѓа, на пример, во пивото.

Друг симптом е отекување на лицето, па затоа внимавајте бидејќи може да биде исклучително опасен. Покрај тоа, не смеат да се занемарат и отежнатото дишење и нападите на кашлање. Ова е особено важно за луѓето кои имаат проблеми со астма и чести настинки.

Други симптоми кои можат да се појават се црвенилото и потењето. Сето тоа се јавува како резултат на неможноста на телото да го метаболизира алкохолот. Треба да внимавате и доколку вашето срце почне да чука побрзо и ако температурата на телото се зголеми бидејќи во тој случај црниот дроб нема да може да ја контролира концентрацијата на алкохол во вашето тело.

Откако прочитавте преку кои знаци можете да утврдите дали сте алергични на алкохол или не, можеби ќе сакате да прочитате и за природниот сок што ги ублажува симптомите на алергија.

Извор: ljepotaizdravlje.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар