Предупредување: филмот може да содржи сцени со пушење цигари

Предупредување: филмот може да содржи сцени со пушење цигари

Филмовите кои го опишуваат актот на пушење цигара, треба да го содржат истото предупредување според возраста, какво што имаат содржините со графички прикажан секс и насилство, велат експертите. Ова нивно тврдење произлезе како резултат на едно истражување, кое ни открива дека тинејџерите се посклони да ја преземат оваа смртоносна навика, откако ќе гледаат филмови кои го гламуризираат пушењето.Предупредување: филмот може да содржи сцени со пушење цигариИстражувањето спроведено од страна на Универзитетот Бристол открило дека петнаесетгодишните тинејџери кои имаат гледано поголем број филмови, во кои актерите се прикажани како пуфкаат цигари, се за 73% посклони да запалат една цигара за да видат какво е чувството, во однос на оние кои гледале помалку вакви филмови. Речиси 50% од тие кои гледале повеќе филмови во кои се пушат цигари, имаат тенденција да станат или веќе се редовни пушачи. Предупредување: филмот може да содржи сцени со пушење цигариБританскиот центар за контрола на тутунот апелира до Британскиот одбор за филмска класификација и до Владата да ја разгледаат нивната политика на работа, расправајќи дека тинејџерите под 18 години треба да бидат заштитени од потенцијално штетно сликовито изложување на пушењето цигари.

Д-р Андреа Вејлен, која го предводела медицинското истражување, изјавила:
.

„Повеќе од половина од филмовите прикажани во Велика Британија кои содржат пушење, се класифицирани за гледање од страна на публика која има 15 или под 15 години, така што децата и младите тинејџери се очигледно изложени на опасност. Нашите резултати ја потврдуваат поврзаноста помеѓу ова изложување во филмовите и пушењето кај младите лица и тоа индицира дека предупредувањето треба да се однесува на лица под 18 години, кое постои веројатност да го намали бројот на млади пушачи.“

Докторот од Универзитетот во Бристол, од студиите за орална и дентална медицина, додал:
.

„Филмовите треба да бидат класифицирани врз основа на степенот на изложувањето на пушењето цигари, на ист начин како што се рангирани според нивото на насилство застапено во нив. Таквата политика со класификација според возраста на филмовите во кои актерите пушат, е во согласност со забраната за рекламирање цигари во сите други медиуми.“

Во текот на истражувањето, повеќе од 5.000 тинејџери биле прашани дали ги имаат гледано 50-те филма кои биле избрани по случаен пат од бокс офисот на најпопуларни филмови снимени во периодот од 2001 до 2005 година. Во нив биле вклучени филмови како Спајдермен, Бриџит Џонс и Матрикс.Предупредување: филмот може да содржи сцени со пушење цигариПодатоците, кои биле објавени во напис во медицинскиот весник „Торакс“, потоа биле споредени врз основа на тоа дали секој од тинејџерите имал некогаш пробано цигара во животот или дали е редовен пушач, во моментот на истражувањето. Истражувачите го земале предвид консумирањето алкохол како фактор за пушење цигари кај тинејџерите, кој е познат дека им влијае пушењето да им постане навика. Тие откриле дека, оние тинејџери кои ги гледале повеќето филмови во кои има сцени со пушење цигари, биле за 32% посклони и самите да запалат цигара.Предупредување: филмот може да содржи сцени со пушење цигариОд Британскиот одбор за филмска класификација изјавиле дека моменталните предупредувања на филмовите се соодветни и се одраз на желбата на гледачите, со оглед на дадените докази за штета од пушењето во филмовите.

Дејвид Кук, директорот на овој одбор изјавил:
.

„Гламурозното пушење е проблематично за класифицирање во нашите објавени квалификациски упатства. Не постои јавна поддршка за автоматска класификација, како на пример во филм за кој не е потребен надзор од родител/старател, ако има сцена со пушење цигари да му биде ставено предупредување да не го гледаат тинејџери под 18 годишна возраст.“

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар