Предлог за ручек: Полнети модри патлиџани

Предлог за ручек: Полнети модри патлиџани

Заменете го стандардниот ручек со брз, а креативен оброк!

predlog-za-ruchek-polneti-modri-patlidzhani-kafepauza.mk

Потребни состојки:
  • 4 модри патлиџани
  • 100 грама ориз
  • 1 морков
  • ½ помала главица целер
  • 2 домати
  • 100 грама моцарела
  • 100 грама шунка
  • 2 дл супа од коцка
  • 3 лажици масло
  • Мешавина од зачини, бибер
Начин на подготовка:
  1. Измијте ги модрите патлиџани, исечете ги надолжно и издлабете им ја средината. Потоа кратко бланширајте ги во солена вода, па извадете ги и исцедете им ја вишокот вода.
  2. Морковот и целерот излупете ги и изрендајте ги на крупно ренде, а доматите, шунката, моцарелата и извадената средина од модрите патлиџани насецкајте ги на коцки.
  3. Во тефлонско тенџере на малку масло пропржете ги морковот и целерот, па додадете ги средината од модрите патлиџани, доматите и оризот и динстајте повремено налевајќи супа, сè додека сите состојки не омекнат.
  4. Во издинстаната смеса додадете ги моцарелата и шунката и зачини по вкус, па со неа наполнете ги модрите патлиџани.
  5. Полнетите модри патлиџани ставете ги во намасленета тава, пикнете ги во загреана рерна на 200 степени Целзиусови и кратко потпечете ги.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар