Правила за бричење на нозете кои секоја жена мора да ги знае
Влакната се едни од најголемите непријатели на женската убавина и жените во борбата со нив се подготвени на употреба на различни средства. Едно од нив е брзото и ефикасно бричење.
Иако бричењето на око изгледа едноставно, сепак, за да избегнете иритација, создавање на ранички, како и да ги отстраните влакната на најоптималниот начин, треба да ги почитувате следниве правила.
Бричењето на нозете оставете го за на крајот на туширањето
Туширањето со топла вода во траење од неколку минути ги прави влакната меки, што го олеснува отстранувањето на влакната со бричот подлабоко по површината на кожата.
Задолжително користете пена за бричење
Доколку немате пена за бричење при рака, користете регенератор, шампон или гел за туширање. Со некое од овие средства намачкајте ги нозете и на тој начин на жилетот ќе му дадете подлога по која лесно ќе се лизга наместо директно да го оштетувате горниот слој од кожата.
Не користете жилети за еднократна употреба
Тие се добри само за едно или две користења. Наместо такви, купете жилети со заменливи сечила. Во тој случај штом почувствувате дека сечилото веќе малку отупело и морате појако да притискате, време е да го промените.
Исплакнете го жилетот после секој потег со раката
Мажите кога се бричат, после секој потег со раката го плакнат бричот. За разлика од нив, многу жени практикуваат во еден потег да ја избричат цела нога до колено. На тој начин на ефикасноста на бричот влијаат мртвите клетки од кожата и кремите кои се собираат на сечилото.
Кога сте на море бричете се навечер
Жилетот предизвикува микроскопски посекотини, па ако веднаш после бричењето појдете на плажа, ќе го имате ефектот „сол на рана“. Освен тоа, нозете во текот на ноќта малку отекуваат, па тоа ќе ја сокрие вистинската должина на влакната додека да станете следното утро.
Заобиколете ги иритираните подрачја
Доколку на некои места кожата ви е иритирана од убод од инсект или имате некоја раничка, заобиколете ја со бричот. Жилетот може да ја прошири иритацијата од едно место на друго.