Прашања што женското треба да ги постави на првиот состанок

Прашања што женското треба да ги постави на првиот состанок

Станува збор за едноставни прашања кои многу значат. Погледнете кои се работите што треба да ги дознаете за потенцијалниот партер уште на првиот состанок. Среќно!

Прашања што женското треба да ги постави на првиот состанок

Што отсекогаш си сакал да направиш?

Вака ќе почувствувате кои се интересите на личноста. Ако тој одговори дека би сакал да живее на планина, а вие во себе знаете дека и не сте баш толку авантуристичен тип, ќе сфатите како би оделе работите во иднина. Навистина важно прашање што може да биде голем показател за понатамошното развивање на врската.

Дали некогаш си бил многу повреден?

Ако никогаш не бил повреден можеби тоа значи дека не се зближувал премногу со девојките со кои досега излегувал. Ако тоа е така, треба да размислите уште еднаш дали треба да му дадете шанса.

Колку траела твојата најдолгата врска?

Ако одговори две години, ќе знаете дека станува збор за сериозен и посветен човек. А, ако пак одговорот е само неколку месеци, можеби треба да бидете малку повнимателни.

Кога раскина?

Ако само пред неколку недели раскинал со девојката и сега се обидува да биде сериозен со вас, подобро размислете. Можеби во вас гледа само една огромна утеха.

Каде се гледаш за 5 години?

Одличен тест за идните случувања. Ако одговори дека за 5 години се гледа заедно со девојката од соништата, која случајно многу наликува на вас и истовремено е успешно вработен, тоа е тоа. Но, ако одговорот е луда забава, пиење и жени, подобро не си замислувајте успешна романтична врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар