Повторувајте си ги овие работи секој ден за полесно да се справите со анксиозните чувства!

Повторувајте си ги овие работи секој ден за полесно да се справите со анксиозните чувства!

Ако страдате од анксиозност, сигурно честопати се справувате со напнати и негативни мисли, што, од друга страна, доведува до ментална исцрпеност. Симптомите на анксиозност можат да бидат непријатни и негативно да влијаат врз квалитетот на животот, но важно е да можете да ги препознаете.

Повторувајте си ги овие работи секој ден за полесно да се справите со анксиозните чувства!

Доколку сакате да си помогнете, имајте ги на ум овие позитивни реченици кои можете да ги повторувате секој ден и на тој начин да ги трансформирате вашите мисли од негативни во позитивни.

1. Јас сум безбеден/а и заштитен/а во овој момент.

Овие зборови ќе ви помогнат да сфатите дека опасноста не постои. Така ќе можете да се опуштите.

2. Одлучувам да се откажам од сите грижи.

Ова е нешто што можете да го повторите навечер пред спиење, за да се ослободите од секојдневните грижи и да му се препуштите на вашето вистинско „јас“.

3. Верувам во мојата способност да се соочам со секоја ситуација.

Ако ги изговорите овие зборови си давате сила полесно да се справите со стресот и анксиозноста.

4. Имам контрола над моите мисли и избирам тишина.

Со оваа изјава покажувате дека сте господар на вашиот живот и дека можете да ја победите анксиозноста.

5. Јас сум достоен за внатрешен мир и спокојство.

Оваа изјава ќе ви донесе чувство на смиреност и релаксација.

6. Го оставам зад себе она што не можам да го контролирам и се фокусирам на она што можам.

Кажувајќи го ова во огледало, секој ден ќе гледате како го менувате погледот на животот и полесно наоѓате решенија за секој предизвик.

Откако ги прочитавте нашите совети за справување со анксиозноста, можеби ќе сакате да прочитате и како да ги намалите стресот и анксиозноста со помош на техниката 5-4-3-2-1.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар