Повеќе од моментално освежување: Растенија што ќе ви помогнат да се разладите

Повеќе од моментално освежување: Растенија што ќе ви помогнат да се разладите

Со доаѓањето на летото се појавија и високите температури, па дури и првиот топлотен бран за оваа година. Ова е причината зошто многумина ги бараат најдобрите начини за разладување. Сладоледот и ладните пијалаци овозможуваат само привремено разладување. Ако барате нешто што ќе ви помогне да се разладите однатре, потенцијално решение се растенијата.

Повеќе од моментално освежување: Растенија што ќе ви помогнат да се разладите

Најважно е да користите квалитетни растенија. Некои од нив не се добри за консумирање со одредени лекови, а некои може да предизвикаат алергиски реакции. Ако земате лекови или имате некакво заболување, разговарајте со вашиот лекар.

Растенијата влијаат на ткивата на телото, не само на вашите рецептори за вкус. Во продолжение има список на растенија што можат да ја намалат телесната температура и да ви помогнат да се разладите.

1. Коријандер

Коријандерот е одличен додаток на супи, сосови и салати.

2. Нане

Пијте го како чај, земете го во форма на додатоци или направете течен спреј за тело за моментално разладување.

3. Роза

Розата може да се користи во ароматерапија, како вода од роза или како мирислив чај.

4. Лаванда

Можете да користите лаванда во дифузер, локално или како дел од купка или пијалак.

5. Копар

Копарот може да го додадете во супи, чорби, сосови, преливи итн. Тој е одличен додаток на компирот и на омлетот. Иако се користи за ароматизирање на киселите краставички, избегнувајте ги кога сакате да се разладите затоа што тие се сметаат за храна што затоплува бидејќи се ферментирани и кисели.

6. Камилица

Првата опција е да пиете чај од камилица, но има и масло од камилица што можете да го користите локално. Меѓу другото, ги ублажува егземата, осипите, артритисот и болките во грбот.

7. Кардамон

Кардамонот често се користи при готвење, особено за подготовка на кари, чорби или колачи со ѓумбир.

8. Бозел

Обично се користи за правење сируп, но може да се додаде во џем и други јадења. Исто така, постои и чај од бозел.

9. Лимонова трева

Може да биде дел од освежителен пијалак или чај, а исто така можете да ја додадете во супи. Има мирис на цитрус и изразен вкус.

10. Хибискус

Цветовите од хибискус се користат за чај, но можат да бидат и дел од десерти, џемови или салати.

Прочитајте кои 8 намирници ги менуваат состојките во различни услови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар