Потребни се 2 услови за да цветаат раскошно: Како се одгледуваат кали?
Потекнува од Африка, но калата расте и во други тропски подрачја. Ова растение цвета во различни бои, од бела до розова и бордо. Станува збор за цвет кој трае долго, дури и кога ќе се отсече, па затоа често е дел од цветните аранжмани, особено кога станува збор за свадби. Калата во вазна ќе го украсува вашиот дом со денови, но треба повремено да ѝ ги отсекувате врвовите.
Фактот што ќе воодушеви многумина е дека калата се одгледува многу лесно. Ова растение не бара многу внимание. Правилното садење и местоположбата на калата се единствените важни работи на коишто треба да внимавате.
Калата сака сончеви места или полусенка во потопло подрачја.
Ако одлучите да го одгледувате овој цвет, треба да го засадите напролет. Ова цвеќе расте умерено брзо и честопати цвета на почетокот или на средината на летото. Калата цвета во текот на целата сезона, до рана есен. Пред садењето, важно е да почекате да помине опасноста од мраз и почвата да се затопли доволно.
Кога ја засадувате, почвата треба добро да се наводни. Калите сакаат влажна почва и да ги прихранувате со ѓубриво во текот на сезоната на растење.
По садењето, не претерувајте со наводнување. Откако ќе се создадат ризомите, наводнувајте ја калата еднаш неделно или почесто ако е многу жешко. Ако растението е во затворена просторија во саксија, постојано ќе му треба влага.
Кога станува збор за калата, треба да знаете дека таа може да биде отровна за домашните миленици. Цветот на калата содржи рафиди кои можат да предизвикаат здравствени проблеми кај домашните миленици.
Погледнете ги овие пет балконски убавици што повеќе сакаат сенка отколку сонце.