Постојано доцните? Со овие промени тоа ќе стане минато!
Една од најчестите навики на луѓето која тешко се менува е константното доцнење. Поради оваа карактеристика вие на другите им покажувате дека не го почитувате нивното време, па ниту нив самите како пријатели или соработници. Токму затоа погледнете ги навиките на луѓето кои секогаш пристигнуваат на време и кои можете да ги примените уште денес за конечно да престанете да доцните!
1. Реални очекувања
Луѓето кои секогаш пристигнуваат на време се свесни дека наутро им е потребно барем половина час за да се спремат – за разлика од луѓето кои постојано доцнат, кои сметаат дека 5 минути се дури и повеќе од доволно за да се истушираат, облечат и појадуваат.
2. Одење навреме на спиење
Потребни се минимум осум часа сон за секој од нас утредента да има доволно сила и енергија за нови обврски, а особено за станување навреме наутро. Ако легнувате доцна, многу потешко ќе станете следното утро и поради тоа сигурно и ќе доцните.
3. Дополнително време
Луѓето кои никогаш не доцнат се свесни дека во меѓувреме можат да излезат безброј непредвидливи околности кои имаат моќ да ги спречат во извршувањето на своите обврски. Токму затоа и секогаш оставаат дополнително слободно време за секој случај.
4. Клучот е во организацијата
Точните луѓе строго се држат до списоците и листите со обврски кои самите ги прават, бидејќи токму тие им помагаат да ја одржуваат својата рутина.
5. Без одложување
Кога добиваат некоја задача, точните луѓе започнуваат да работат на време и ја завршуваат дури и пред зададениот рок. На тој начин можат многу брзо да започнат со исполнувањето на следната задача.