Постари брачни парови ја откриваат тајната на вечната љубов
Ако се запрашувате како некои парови, или вашите баби и дедовци, издржале толку многу години заедно и успеале да функционираат како едно, еве што велат и што ве советуваат долгогодишните животни партнери на таа тема.
1. Прифатете ги недостатоците на вашиот партнер
„Кога сакате некого, нормално е да имате недоразбирања. Ќе имате разлики, ќе верувате во различни работи. Не го сфаќајте тоа лично. Прифатете ги добрите страни на таа личност и прифатете ги и живејте со оние што би сакале да ги подобрите, но не можете. Фокусирајте се на добрите нешта.“ – Харви
2. Не се обидувајте да направите сè одеднаш
„Кога станува збор за љубовта, запаметете: сè треба да е умерено. Во умереноста е клучот.“ – Лес
3. Слушајте се еден со друг
„Слушајте се еден со друг и вистински следете што ви кажува вашиот партнер. Ние сме долги години во брак и слушањето еден со друг е нашиот клуч.“ – Џорџ
4. На љубовта ѝ треба време
„Љубовта се развива низ долг период. Многу често сексуалната привлечност ве прави да се чувствувате заљубено, па продолжувате понатаму. Но, всушност, љубовта се развива со тек на време и така сè повеќе почнувате да ја цените таа личност.“ – Нил
5. Довербата и почитта се клучот
„Ние правиме сè еден за друг. Никогаш не сум се чувствувал како да правам премногу и таа никогаш не се чувствувала како да прави премногу. Никогаш не се земаме здраво за готово. Ние си веруваме и се почитуваме. Тоа е најважната работа.“ – Денис
6. Одберете мудро
„Да одлучите да се земете со некој е голема одлука, па бидете сигурни дека сте одбрале мудро и дека не постои никакво ‘А, што ако?’“ – Марк
7. Смејте се еден со друг
„Само продолжете да се смеете.“ – Џим