Послушајте ги советите на оваа мајка: 18 работи кои никако не треба да ги правите наместо вашите деца!

Послушајте ги советите на оваа мајка: 18 работи кои никако не треба да ги правите наместо вашите децa!

Добро проверете кои се тие работи, бидејќи за некои од нив сме сигурни дека редовно ги правите. Една мајка по долго разгледување ја составила оваа листа со цел да им помогне на останатите ширум светот. Држете се до неа за доброто на вашите деца, но и за свое добро, бидејќи како што таа вели, родителите имаат тешка задача да го направат најдоброто за своите деца, а тоа честопати бара цврста рака и одлучно „Не“. Нешто што на многумина родители не им оди од рака, бидејќи секогаш и постојано сакаат да направат „повеќе“ за своите деца.

2-poslushajte-gi-sovetite-na-ovaa-majka-18-raboti-koi-nikako-ne-treba-da-gi-pravite-namesto-vashite-deca-www.kafepauza.mk_

Родителите треба уште од мали да им постават добра основа на децата, за еден ден да бидат способни самите да се погрижат да ги исполнат сопствените желби. Затоа работата на родителите не е и не смее да биде исполнување на нивните желби, и иако можеби звучи грубо, тоа е реалност која сепак морате да ја знаете. Па што никогаш не треба да правите за вашите деца?

1. Не гответе две јадења, бидејќи детето нешто не сака да јаде

Нема да го засака ако не го проба.

2. Не попуштајте само затоа што цимоли

Премногу често децата намерно плачат и цимолат само за да добијат нешто. Ако еднаш попуштите, секој нареден пат цимолењето ќе биде уште погласно, бидејќи тие ќе научат дека овој трик им успева.

3. Не ја пишувајте домашната задача наместо нив

Можеби би било побрзо доколку родителите почесто се задлабочуваат во детската домашна работа, но каква е користа од тоа? Каде е тука нивното знаење и нивните способности? Всушност, домашната задача е и осмислена за да можат децата самите да ја решат дома. Тоа е дел од нивното школување.

4. Не ги заменувајте скршените играчки со нови

Додека траеле, траеле. Како ќе научат да ги ценат работите ако постојано им купувате нови?

5. Не им купувајте сѐ што имаат и другите

На децата кои сакаат да имаат сѐ исто и ново како што имаат нивните пријатели, единствената лекција која можете да им ја кажете е: „Јас не сум мајката на твојот другар или на твојата другарка.“ Тоа е реченицата која можеби и вас како мали ве нервирала, но во неа има толку многу вистина, па затоа не ја игнорирајте. Кога самите ќе почнат да заработуваат ќе сфатат дека е едноставно невозможно да имаат баш сѐ што ќе посакаат, а дотогаш ќе ви заштедат доста пари и нерви.

6. Не дозволувајте им да трошат многу време пред екраните

Децата земаат колку што им давате и уште малку повеќе. Тоа е познато детско правило, поради кое вие како родител морате да знаете како да го контролирате. Посебно кога станува збор за времето кое го трошат на видео игри.

4-poslushajte-gi-sovetite-na-ovaa-majka-18-raboti-koi-nikako-ne-treba-da-gi-pravite-namesto-vashite-deca-www.kafepauza.mk_

7. Немојте да го барате сето она што го изгубиле

Децата постојано губат работи, но тие ќе бидат во состојба да ги пронајдат истите само кога ќе сфатат дека вие нема да го направите тоа наместо нив.

8. Не ја средувајте нивната соба и не го чистете нередот

Вашето име е мајка, а не слугинка. Вашата улога е да ги научите самите да си ја исчистат собата, а не вие да го правите тоа наместо нив.

9. Не ги носите на училиште

Освен ако навистина доцнат, поради ваша вина, не треба да се мешате во нивниот превоз до училиште. За сѐ останато имаат нозе, дозволете им самостојно да се движат и на тој начин многу побрзо ќе почнат да созреваат и за останатите обврски во домот.

10. Не им купувајте брендирана облека

Децата би требало безгрижно да си играат и да се валкаат, а не постојано да внимаваат на својата скапа облека.

11. Не ги водите нивните битки

Децата едноставно мора да научат да се изборат за себе, дури и да се расправаат ако е потребно. Родителот е тука како нивна поддршка, не како адвокат. Тие мора да научат да се борат самите за себе, бидејќи тоа е вештина која ќе им биде потребна тогаш кога мама и тато повеќе нема да бидат тука за нив.

12. Не им го носите она што го заборавиле

Децата многу добро знаат дека во близина на своите родители не мораат многу да мислат со својата глава. Тоа инаку се нарекува одговорност, која нема да ја стекнат доколку вие мислите наместо нив. Оставете ги нека заборават, нека отидат во училиште, па и без ранец ако треба, а следниот пат подобро ќе размислат.

3-poslushajte-gi-sovetite-na-ovaa-majka-18-raboti-koi-nikako-ne-treba-da-gi-pravite-namesto-vashite-deca-www.kafepauza.mk_

13. Не ги водите за рака, без разлика за каков проект станува збор

Нивна работа, нивен проект, нивно училиште, нивно растење. И сето тоа мора да го поминат со ваша помош, но не вие да им бидете лидери.

14. Не им давајте онолку пари колку што бараат

Мама и тато не се банкомати, а нивните деца не се нивен единствен „трошок“. Научете да кажете „не“ за тие што побрзо да ја дознаат вредноста на парите.

15. Не им купувајте автомобил веднаш штом положат возачки испит

Знаете, богатите луѓе грешат, дури и повеќе од „нормалните“ родители, бидејќи мислат дека со парите ќе му купат сѐ што му е потребно на детето. Дали им е потребен нов автомобил? Па и не баш!

16. Не им дозволувајте летувањата да ги минуваат сами ако не сте подготвени

Ако ви изгледа дека се премлади, а инаку не сте попустливи, слободно кажете им дека ќе одат сами на летување дури за некоја година. Што ви одговориле? Дека тоа не е фер, бидејќи нивните пријатели имаат дозвола! Секако, одговорот лежи во точка број 5.

17. Не дозволувајте преспивање кај пријателите за време на училишните денови

Училишните денови се резервирани за училиштето, учењето и одморот, а викендите за ваквиот вид дружења.

18. Излегувања до зори – не, никако!

Иако децата почнуваат да излегуваат сѐ помлади, а излегувањата траат до подоцна, останувањето надвор цела ноќ без надзор навистина не е добра лекција. Можеби вашето дете и неговите пријатели, ако им го дозволите тоа, ќе ве сметаат за кул мајка, но сетете се дека на децата не им се потребни кул мајки, туку родители со цврсти раце.

1-poslushajte-gi-sovetite-na-ovaa-majka-18-raboti-koi-nikako-ne-treba-da-gi-pravite-namesto-vashite-deca-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар