Портобело „пица“

Портобело „пица“

Доколку сакате да експериментирате во кујната и да испробате една поинаква „пица“ ви го предлагаме токму овој рецепт за „Портобело пица“.

Портобело „пица“

Потребни состојки:

  • 300 г „портобело“ печурки
  • 50 мл маслиново масло
  • 250 мл излупени домати (може и од конзерва)
  • прстофат сол
  • бибер по вкус
  • ½ лажичка шеќер
  • 1 лажичка оригано
  • 1 лажичка босилек
  • 150 грама рендана моцарела
  • 10 мали топчиња моцарела
  • 1 лажичка буковец

Начин на подготовка:

  1. Врз хартија за печење во плех наредете ги печурките без дршки и со длабнатините нагоре. Врз секоја печурка ставете масло и печете ги 10 мин. на 250 ᵒС.
  2. Додека печурките се печат во длабок сад ставете половина конзерва домати и зачинете ги со сол и бибер. Додајте го и ориганото, сечканиот босилек и ренданата моцарела и измешајте ја смесата.
  3. Секоја од печените печурки наполнете ја смесата од домати, сирење и зачини, ставете по едно топче моцарела и наросете со буковец.
  4. Печете уште 10 мин. на 250 ᵒС.

Добар апетит!

Можеби сакате да го дознаете и рецептот за меки пица ролнички од лиснато тесто што брзо се прават и исчезнуваат од чинијата за секунда.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар