Понекогаш тоа што ќе го добиете е подобро од тоа што сте го посакувале
Сите ние имаме претстава каков живот би сакале да живееме. Кога станува збор за замислената иднина сите сме експерти и понекогаш толку многу знаеме да се занесеме што не сакаме да прифатиме ништо друго.
Можеби си мислите дека тоа што не прифаќате ништо помалку од она што сметате дека го заслужувате е доказ за вашата упорност и решителност, но тоа не е секогаш случајот особено кога се работи за љубовните врски. Вие на тој начин само се лажете дека контролата на работите е во ваши раце. Вие сте главните. Вие одбирате што сакате и нема да се помирите со ништо помалку од тоа.
За жал, во реалноста работите не функционираат баш така. Можеби нема да ви се чини како многу продуктивно тоа што ќе се откажете од она што сте го сакале, но тоа е всушност најбрзиот начин да пронајдете среќа. Кога ќе престанете да се држите до вашите очекувања, ќе се отворите себеси кон нови искуства и ќе го доживеете животот на вистински начин.
Клучот е да прифатите дека сѐ е минливо, да бидете отворени кон промени и да го цените она што го имате сега. Добро е да имате цели и планови и дефинитивно треба да се обидете да ги реализирате, но немојте да мислите дека сѐ ќе испадне совршено.
Сте запознале момче што ви се допаѓа? Супер! Запознајте го, но не очекувајте дека тој ќе биде вистинскиот или вашиот иден партнер. Сакате да дадете отказ од работа и да почнете свој бизнис? Одлично! Но, немојте да мислите дека така ќе заработите милиони.
Животот станува многу подобар кога ќе престанеме да го претвораме во нешто што не е. Животот е таков. Чуден, непријатен и понекогаш страшен. Ниту еден план или дејство нема да го променат тоа.
Доколку сакате да бидете среќни, мора да одберете да бидете среќни уште веднаш. Не треба да се грижите за тоа што ќе се случи за 5 години, 5 дена, па дури ни за 5 минути. Имајте на ум дека каде и да сте, таму сте каде што треба да бидете, а останатото ќе се среди само по себе.