Полнет модар патлиџан подготвен на здрав начин

Полнет модар патлиџан подготвен на здрав начин

Модрите патлиџани се честа намирница на менито на љубителите на зеленчук, бидејќи се совршена и вкусна замена за месото. Затоа ви предлагаме да го погледнете овој рецепт со модар патлиџан што може да биде вкусна замена за вашиот стандарден ручек.

Полнет модар патлиџан подготвен на здрав начин

Потребни состојки:

  • 1 модар патлиџан
  • 2 лажички маслиново масло
  • 1 средно младо кромитче (сечкано)
  • 80 грама исечкани печурки
  • 5-6 мали домати
  • 1 лажица доматен сос
  • 2 чешниња ситно сечкан лук
  • 90 грама варена киноа
  • ½ лажичка мелен ким
  • 1 лажица сечкан свеж магдонос + за декорација
  • Сол и бибер по вкус
  • 1 лажица таан
  • 1 лажичка сок од лимон
  • ½ лажичка лук во прав
  • Вода за разредување

Полнет модар патлиџан подготвен на здрав начин

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 220 степени. Исечете го модриот патлиџан на половина и извадете дел од средината за да направите дупка. Ставете го во тава на хартија за печење, посипете го со една лажичка маслиново масло и малку сол и печете го околу 20 минути. Додека модриот патлиџан се пече, спремете го полнењето.

Остатокот од маслиновото масло ставете го во тавче, додадете ги печурките и кромидот и пржете ги околу 5 минути, додека не станат меки. Додадете ги доматите, киноата и зачините и варете додека течноста не испари. Кога модриот патлиџан ќе се испече, извадете го од рерна и пополнете го со смесата што претходно ја подготвите. Намалете ја рерната на 180 степени и ставете го наполнетиот модар патлиџан да се пече уште 10 минути.

Во меѓувреме измешајте ги таанот, лимоновиот сок, лукот, малку вода, сол и бибер. Истурете ја смесата врз модриот патлиџан, додадете малку магдонос и уживајте.

Автор: Ана Ќурчиевска


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар