Полчасовната дремка во текот на денот нуди бројни придобивки!

Полчасовната дремка во текот на денот нуди бројни придобивки!

Брзиот живот остава многу малку време за попладневен одмор. Сепак, одвојувањето половина час време за дремка не само што е пожелно, туку е и многу корисно според експертите.

Полчасовната дремка во текот на денот нуди бројни придобивки!

Ново истражување покажало дека 30 минутната дремка може да ги подобри расположението, меморијата и концентрацијата до четири часа откако ќе се разбудите. Со други зборови, можете само да си натетите доколку намерно ги пропуштате можностите за дремнување со оглед на тоа дека нуди бројни придобивки.

Според студијата спроведена од страна на Националниот универзитет во Сингапур, дури и кратките дремки можат да ја намалат поспаноста и да го подобрат расположението.

Но, само половина час има моќ да ја подобри меморијата, а со тоа и процесот на примање нови информации и нивна обработка.
Истражувањето било спроведено врз 32 лица кои морале да дремнуваат секој втор ден по 10, 30 и 60 минути.

Расположението, субјективната поспаност и когнитивното влијание биле мерени во интервали од 5, 30, 60 и 240 минути по будењето за да се споредат долгорочните придобивки од различното времетраење на дремката.

Според д-р Рут Лонг, научен соработник на Медицинскиот факултет Јонг Лу Лин, иако многумина ги знаат придобивките од дремнувањето, сепак секојдневниот стрес и притисокот за навремено да се завршат работните обврски значи откажување од дремката во текот на работниот ден. Сепак, дремката од 30 минути покажала најдобар резултат во однос на брзото обновување на енергијата.

Откако прочитавте за придобивките од полчасовната дремка во текот на денот, можеби ќе сакате да прочитате и на кој начин попладневната дремка го елиминира стресот.

Извор: citymagazine.danas.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар