Погледнете ги сите нешта кои можат да создадат камења во бубрезите

Погледнете ги сите нешта кои можат да создадат камења во бубрезите

Оние кои имале камења во бубрезите сигурно се запрашале како нешто толку мало може толку многу да боли. Отприлика секоја 11-та личност се соочува со овој проблем барем еднаш во својот живот, а доколку еднаш го добиете, имате 50% повеќе шанси да ви се повтори. Токму затоа погледнете ги следниве причини за камења во бубрезите кои со малку труд би можеле целосно да ги избегнете…

Погледнете ги сите нешта кои можат да создадат камења во бубрезите

Премалку калциум

Ако внесувате премалку калциум во вашето тело, вие си ја зголемувате шансата за создавање камења во бубрезите. Тоа се случува бидејќи хемиските споеви кои се нарекуваат оксалати немаат со што да се спојуваат во дигестивниот систем, па токму затоа се претвораат во калциум во урината.

Опсесија со здрав живот

Оксалатите се наоѓаат во зелениот зеленчук, како спанаќот. Но, ако претерано ги внесувате во вашето тело, повторно може да дојде до појава на калциум во урината. Целта е да пронајдете баланс во исхраната со тоа што нема ниту да претерувате, ниту целосно да исфрлате никаков вид храна.

Сол

Доколку навистина претерувате со солената храна, тогаш големи се шансите самите да си создавате камења во бубрезите. Ниту еден човек не би требало да внесува повеќе од 2.300 милиграми сол дневно, а оние кои патат од висок крвен притисок би требало да се ограничат на најмногу 1.500 милиграма дневно.

Недоволно цитруси

Ако никогаш не јадете лимони или портокали, вие ги зголемувате шансите за појава на камења во бубрезите. Пијте барем една лимонада дневно со цел да го одржувате максимално здравјето на вашето тело и бубрези.

Премногу месо

Како што веќе спомнавме, исхраната која не е балансирана може да доведе до голем број проблеми. Исто како што претераното внесување зеленчук не е добро за вашето тело, така и честите оброци кои содржат месо нема да имаат позитивно влијание врз вашиот организам. Претерувањето со месото не остава доволно место за овошјето и зеленчук кои во себе имаат голем број состојки клучни за нашето здравје.

Живот на југот

Постои често цитирано истражување кое било објавено во 1996 година во американско списание каде што се зборува за епидемиологијата која укажува на фактот дека личностите кои живеат во јужниот дел од Америка имаат 2 пати поголеми шанси да се здобијат со камења во бубрезите отколку оние кои живеат во поумерени клими. Тоа се случува бидејќи оние кои живеат во топла клима губат многу повеќе вода од своето тело преку потењето. Кога не пиете доволно вода вие имате поголем процент на минерали во помала количини урина, па токму тоа и ја зголемува шансата за нивно поврзување во камења.

Црн чај

Црниот чај е одличен извор на оксалати, но доколку претерувате со консумирање, вие си ја зголемувате шансата за создавање песок и камења во урината. Ограничете се на само една шолја дневно.

Лименка газиран пијалак

Честото пиење течности е добар начин да ги избегнете камењата во бубрезите, но не сите се добри за вас. Слатките газирани пијалаци ја зголемуваат шансата за камења во бубрезите за 23%.

Родители

Склоноста кон развивање камења во бубрезите може да биде генетски наследена. Па, доколку еден од вашите родители некогаш страдал од оваа состојба, има големи шанси и вие да поминете низ истото.

Воспаление на цревата

Оваа болест ја зголемува шансата за создавање камења во бубрезите, особено ако страдате од Кронова болест или улцерозен колитис. Дел од причината лежи во дехидрацијата кои овие состојби најчесто ја предизвикуваат преку дијареја.

Чести воспаленија на уринарниот канал

Доколку често патите од воспаление на уринарниот канал, тоа е знак дека можеби имате камен кој го блокира овој тракт, па затоа и сте склони на тој проблем.

Претерување со лаксативи

Лаксативите во преголеми количини ја нарушуваат способноста на телото да користи хранливи материи и лекови, притоа создавајќи дехидрација, па можеби дури и нерамнотежа во електролитите. Поголемиот број од личностите кои претеруваат со лаксативите се постари луѓе кои веруваат дека мора да вршат нужда барем еднаш дневно, како и оние кои боледуваат од анорексија и булимија.

Лекови за мигрена

Претераното консумирање различни видови лекови за мигрена може да ја зголеми шансата да се здобиете со камења во бубрезите. Овие лекови понекогаш ја зголемуваат pH вредноста во уринарниот тракт, што потоа доведува до создавање камења.

Телесна тежина

Научниците сè уште не можат да откријат зошто личностите со прекумерна телесна тежина се посклони на создавање камења во бубрезите, но се сомневаат дека вишокот килограми ја менува содржината и pH вредноста на уринарниот тракт.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар