Подобра љубовна врска: Зошто и на вашите чувства им треба вежбање?
Сѐ во животот на некој начин се заснова на логика и секоја постапка носи и одредена реакција. Па, што би требало да правите кога сакате да имате подобра љубовна врска? Вие треба да бидете способни и решителни и да се тренирате самите да бидете полни со љубов и внимателни. Денес ви прикажуваме неколку вежби кои ќе ви помогнат да изградите хармонична, долготрајна и среќна врска.
1. Разгорете ги најсреќните моменти
Можеби не сте свесни за тоа, но со секој изминат месец вие станувате сѐ помалку способни за разбирање и простување, емоции кои на почетокот ви се чинеше дека ги имате премногу. За да ги вратите назад, обидете се да се сетите како сето тоа започнало. Овие среќни спомени ќе ви помогнат да го гледате вашиот партнер на ист начин како што го гледавте додека се заљубувавте.
2. Не заборавајте да ги искажете своите желби
Колку повеќе сте во врска, толку повеќе очекувате вашиот партнер да ги предвиди дури и вашите скриени желби. Ако тие желби не ви бидат исполнети, тогаш вие го сметате партнерот како бездушен и тоа може да ви ја уништи врската. Избегнете ги овие проблеми така што едноставно ќе ги искажете своите потреби однапред.
3. Не прашувајте „Како ти помина денот?“
Разговорите кои се фокусираат на вакви или слични досадни прашања, нема да ве зближат, туку ќе ви ја прикажуваат врската како некоја рутина. Обидете се да го прашате вашиот партнер нешто друго на крајот од денот, на пример „Дали ти беше интересно на работа?“ Ќе бидете изненадени од тоа колку поубав и поинтимен ќе стане разговорот.
4. Станете експерти еден за друг
Што навистина знаете за вкусовите и хобито на вашиот партнер? Дали знаете кои работи може да го направат среќни? Не двоумете се да поставувате прашања. Исто така обидете се да ги забележите реакциите на вашиот партнер при различни настани и ситуации. Ова ќе ви биде потребно за да успеете да го направите среќен.
5. Бидете секси
Целта е да останете атрактивни и посакувани во секојдневните ситуации. Потребно е заеднички да ги набљудувате вашите меѓусебни реакции и потоа да зборувате за нив.
6. Бидете креативни кога станува збор за заедничките излегувања
Можете да најдете многу прекрасни идеи за тоа каде да го поминете вашето време. Користете ја и сопствената фантазија. Пријатната вечер со пица и добар филм, може да почека. Секогаш можете да бидете покреативни и да пронајдете поинтересни места за излегување!
7. Чувајте ги проблемите подалеку од вас
Стресот кој го носи модерниот и бурен начин на живот, може да ја засени дури и најсреќната врска. Ова е причина зошто треба дополнително да се заштитите и да ги оставите на страна вашите грижи додека поминувате време со вашиот партнер. Обидете се да најдете активности кои ќе ви носат задоволство и на двајцата, без притоа да ви бидат пречка проблемите поврзани со работата и слично.
8. Научете да не влегувате често во расправии
Кога се карате и сте на работ да експлодирате, научете да се запрете себеси и да не ги преминете границите. Можете да го кажете вашиот аргумент подоцна, кога ќе бидете посмирени. Паузата ќе ви помогне да ја намалите емоционалната напнатост и ќе ви овозможи да најдете мирно решение.
9. Покажете ги вашите вистински чувства
Повеќето луѓе имаат тенденција да ги покажуваат емоциите на „повисоко ниво“, односно, се стремат да ја покажат конечната реакција на нешто. Сепак, треба да ги откривате емоциите на „средно ниво“, со што ќе им овозможите на вашите партнери да пронајдат насока за вашите чувства и мисли. Ова ги вклучува среќата, задоволството, разочарувањето и осаменоста.
10. Извинете се со целото свое срце
Извинувањата играат важна улога во една врска, но тие треба да доаѓаат од срцето. Кога ситуацијата го бара тоа, вие би требало да бидете искрени и да ги признаете своите грешки. Единствено кажувањето на вистината ќе му овозможи на вашиот партнер да ви прости целосно.