Подобар и од мајонез: Кремаст сос кој можете да го подготвите за 60 секунди

Подобар и од мајонез: Кремаст сос кој можете да го подготвите за 60 секунди

Готвачот Мари-Антоан Карем кој живеел во 19-тиот век, донел кулинарски „закон“ за четири сосови кои ќе претставуваат основа на сите други сосови. Станува збор за сосовите бешамел, велуте и еспањол, а подоцна им се придружил и сосот холандез.

Подобар и од мајонез: Кремаст сос кој можете да го подготвите за 60 секунди

Така наречениот „елегантен братучед“ на мајонезот се прави со рафиниран путер наместо масло и е многу вкусен во комбинација со аспарагус и панагијски јајца. Подготовката на класичниот сос холандез не е многу лесна. Ако го готвите премногу долго, ќе добиете пржени јајца. Ако не го готвите доволно, сосот нема да се згусне. Ако се олади, состојките ќе се раздвојат и ќе добиете лоша структура.

Погледнете го овој рецепт кој можете да го подготвите за 60 секунди.

Потребни состојки:

  • 1 жолчка од јајце
  • 1 лажичка вода
  • 1 лажичка сок од лимон
  • 110 г путер
  • прстофат сол
  • прстофат мелена лута пиперка (по избор)

Начин на подготовка:

  1. Измешајте ги жолчката, водата, сокот од лимон и солта во еден сад кој е доволно голем да ги собере маталките на миксерот или рачниот блендер.
  2. Растопете го путерот на висока топлина, мешајќи постојано додека не се запени.
  3. Миксирајте ја смесата со жолчката и полека додавајте го растопениот путер.
  4. 30 секунди подоцна ќе добиете кремаст сос.

Дополнителна информација:

Пред да започнете, оставете ја жолчката од јајцето на собна температура најмалку 15 минути за да се загрее доволно.

Можеби ќе сакате да го пробате и овој сос за скара со кафе и бурбон.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар