Подигнете го нивото на вашата самодоверба
Вашата претстава за себеси има огромно влијание врз тоа како другите луѓе ве доживуваат. Колку сте посамоуверени, толку е поверојатно дека ќе успеете во животот. Голем број фактори имаат силно влијание врз вашата самодоверба кои се надвор од ваша контрола, но има и многу нешта кои можете да ги направите за да ја доизградите. Со следниве стратегии ќе успеете да ја достигнете вашата потребна ментална подготвеност за успех.
1. Облеката нека говори за вас
Иако облеката не го прави човекот, сепак начинот на облекување влијае врз тоа како се чувствувате. Направете ја вашата појава необична и препознатлива за останатите. Ова не значи да трошите премногу пари на облека. Едноставно почнете полека и надградувајте го вашиот плакар со интересни и квалитетни парчиња. Изгледот комплетирајте го со вашиот омилен парфем, некое парче накит и интересна фризура.
2. Изберете идол
Без разлика дали станува збор за некој ваш близок или позната личност, најдете модел на личност кому навистина се восхитувате. Ова не значи да го имитирате или да му го преземате стилот. Едноставно, фокусирајте се на квалитетите кои таа личност ги поседува и учете.
3. Вежбајте
Вежбањето и оформувањето на вашето тело може двојно да ја зајакне вашата самодовербата. Редовната физичка активност ќе ви ја зголеми енергијата и ќе направи да се чувствувате поудобно во вашето тело. Ќе бидете изненадени од тоа колку опуштени и комуникативни можете да бидете.
4. Најдете ја вашата страст
Без разлика дали тоа ќе биде музиката, некоја боречка вештина или пак везење, правењето нешто во кое уживате ќе ве направи сигурни и исполнети. Уште поважно е тоа што со напредувањето во вашето хоби, самодовербата ќе се движи во нагорна линија.
5. Подобрете го држењето на вашето тело
Држете ги грбот и рамената секогаш исправени. Главата секогаш нагоре и не дозволувајте погледот да ви паѓа надоле. Избегнувајте да ги прекрстувате рацете или постојано да ги подигате ракавите нагоре. Ваквите гестикулации прават да изгледате многу несигурно и нервозно.
6. Однесувајте се самоуверено дури и да не се чувствувате така
Можеби ќе ви звучи чудно и неприродно, но овој метод е многу ефективен. Секогаш смејте се, зборувајте гласно и јасно, правете шеги и гледајте ги луѓето во очи додека зборувате со нив. Научете да не ви е грижа што мислат другите, само така навистина ќе бидете среќни.
7. Примајте комплименти, но и давајте
Кога имаме негативна перцепција за некого, обично тоа се преточува во озборувања и навреди. За да се надмине овој проблем, без разлика на се, треба да се гледаат и позитивните страни кај секого. Со самото тоа што ќе почнете да ги забележувате и истакнувате добрите страни на човекот, индиректно го изнесувате најдоброто од себе, а тоа сигурно нема да помине ненаградено.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.