Подгответе ги стапалата за пролетните и летните сандали

Подгответе ги стапалата за пролетните и летните сандали

Кога станува збор за негата на телото, слободно можеме да кажеме дека стапалата се најзапоставениот дел од нашето тело. Но, со приближувањето на пролетните и летните топли денови, треба да имаме на ум дека и на стапалата им е потребна соодветна нега, со цел да можеме слободно да носиме отворени сандали. Токму затоа и денес ви ги издвојуваме овие едноставни совети, со чија помош, во удобноста на својот дом, можете да им овозможите соодветна нега на вашите стапала и да ги направите.

1. Етерично масло

Наполнете кофа со топла вода и капнете неколку капки етерично масло во неа. Етеричното масло помага при борбата против габите и бактериите, а со тоа и ја омекнува кожата на вашите стапала. Покрај антибактериските својства, по оваа купка за стапала, старата кожа целосно ќе се отстрани.

2. Одберете добра турпија за пети

По омекнувањето на кожата, најдобро е да ги отстраните самите остатоците од старата кожа, а тоа можете најдобро да го направите со турпија за пети. Истријте ги сите груби места, со цел повторно да ги направите вашите стапала нежни и мазни.

3. Хидрирајте ги стапалата

Кога ја мачкате вашата кожа со хидратантен лосион по туширањето, големи се шансите дека заборавате на вашите стапала. Овој пат, имајте ги и нив на ум откако ќе излезете од туш кабината и обрнете им повеќе внимание, односно ставете поголем слој лосион.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар