Подароци за 8 Март со кои ќе ја направите среќна секоја жена

Подароци за 8 Март со кои ќе ја направите среќна секоја жена

Без разлика дали една жена го празнува 8 Март или не, таа ќе биде среќна доколку партнерот ѝ приреди мало изненадување. Ова се неколку едноставни, но моќни идеи за подарок кои би ја израдувале секоја жена.

(1) podaroci-za-8-mart-so-koi-kje-ja-napravite-srekjna-sekoja-zhena-kafepauza.mk

Цвеќе

Ова е првиот и очигледен избор на многу мажи, и иако звучи како клише, сепак може да биде вистински израз на внимание, кое жената може да го почувствува од самиот гест, но и од изборот на она што го сочинува букетот. Обидете се самите да аранжирате нешто за да бидете уникатни, а ако не ве бива, одете со букет рози. Со розите никогаш не можете да погрешите.

(3) podaroci-za-8-mart-so-koi-kje-ja-napravite-srekjna-sekoja-zhena-kafepauza.mk

Книга

Едноставен и не премногу оригинален подарок, но секогаш актуелен и прифатлив. Ако вашата партнерка сака да чита книги, тогаш овој избор е полн погодок. Можеби некогаш ви спомнала за некоја книга која е хит во моментот и би сакала да ја прочита или пак ви зборувала за жанровите кои ги обожава. Влезете во книжарница и направете го изборот. Ако ви дозволува џебот, одете со некоја хит трилогија. Ќе биде горда да ги нареди деловите на полицата.

(2) podaroci-za-8-mart-so-koi-kje-ja-napravite-srekjna-sekoja-zhena-kafepauza.mk

Вечера за дами

Колку добра идеја. Организирајте ѝ вечера со пријателките. Таа несомнено ќе биде воодушевена. И тоа не само таа. Изненадувањето ќе ги расположи сите дами кои се вклучени во планот. Изберете ресторан, резервирајте место, организирајте ја храната и пијалаците и јавете ѝ се на вашата подобра половина за да ѝ кажете каде да биде и во кое време. Со ова, не само што ќе ја направите неа среќна, туку сте ги освоиле и сите нејзини пријателки засекогаш.

(4) podaroci-za-8-mart-so-koi-kje-ja-napravite-srekjna-sekoja-zhena-kafepauza.mk

Рачна изработка

Било да се работи за парче накит, гардероба, некој украс за домот или нешто друго, со рачната изработка не можете да погрешите. Уникатните парчиња се секогаш на цена, и нема жена која не ги посакува во својот естетски свет. Пронајдете нешто убаво и уникатно. Сигурно ќе ѝ се допадне.

(5) podaroci-za-8-mart-so-koi-kje-ja-napravite-srekjna-sekoja-zhena-kafepauza.mk

Кошница со производи за нега и убавина

Денот на жената е ден кога креативноста во понудата на парфимериите доаѓа најмногу до израз. Наместо да посегнете по колекциите во картонска амбалажа во маркетите, појдете во некоја парфимерија и изберете убав комплет со производи за нега и убавина интересно сместен во кошница. Не бегајте од шминките и лаковите за нокти. Купките и шампоните не се единствената козметика која ја користат жените. Изненадете ја со изборот. Таа ќе се чувствува како ни самата да не можела да направи подобар.

(6) podaroci-za-8-mart-so-koi-kje-ja-napravite-srekjna-sekoja-zhena-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар