По овие знаци ќе препознаете дали сте полни со емпатија или не!
Дали некогаш сте се запрашале што значи да се биде емпатичен? Препознавањето знаци на емпатија како дел од вашата личност може да ви помогне подобро да се сфатите себеси и да се поврзете со себе и со другите, да поставите силни лични граници и да изградите поздрави односи.
Емпатијата е важна особина која ни помага да разбереме како се чувствува некој за да можеме да одговориме со сочувство. Доколку сте емпатични по природа, можете да го препознаете тоа што другите го чувствуваат едноставно гледајќи во нив. Можете исто така да сфатите колку се интензивни нивните емоции, дури и кога другите напорно се обидуваат да го скријат она што го чувствуваат. Овие знаци ќе ви откријат дали сте емпатични или не.
1. Вие сте интуитивни по природа
Дали секогаш знаете кога некој близок е тажен дури и ако не ви кажал ништо? Можете ли да препознаете кога некој лаже? Луѓето кои се емпатични по природа, набљудуваат и апсорбираат многу од нивната околина благодарение на нивните високи нивоа на интуиција.
2. Вие сте многу чувствителна личност
Емпатичните луѓе за кратко време можат да почувствуваат емоционална исцрпеност со оглед на тоа дека брзо ги апсорбираат негативните емоции на другите што ги тера да се изолираат и да го поминуваат времето сами со себе.
3. Ја сакате самотијата
Дали имате тенденција да ги откажувате плановите во последен момент? Ако намерно избегнувате забави или големи гужви, тогаш голема е веројатноста дека сте емпатични по природа. Самотијата е таа која ви помага да ги наполните и балансирате вашите емоции и енергии. Иако можеби сте или не сте интроверт, имате вродена потреба да бидете сами долго време.
4. Имате „исцелувачко“ дејство врз другите
Дали луѓето честопати ви се доверуваат? Дали се чувствуваат смирени откако ќе разговараат со вас? Луѓето бараат поддршка од емпатичните личности бидејќи знаат дека тие се доверливи и дека ќе ги чуваат нивните тајни. Меѓутоа, овие личности можат лесно да станат жртва бидејќи токсичните луѓе можат да ја искористат нивната емпатична природа. Затоа е важно да си постават силни лични граници.
5. Не можете да престанете да им помагате на другите
Дали ви е тешко да не се грижите за другите? За вас е невозможно да видите некого на кој му треба помош и едноставно да си заминете – помагањето на другите е како духовен повик за вас – како да е нешто за кое сте родени. Знаете дека имате способност да ги лекувате другите и никогаш нема да пропуштите можност да ја искористите вашата супермоќ за да им помогнете на другите да живеат посреќен живот.
Откако прочитавте за знаците кои укажуваат на емпатија, можеби ќе сакате да откриете и кое е вашето ниво на емпатија.
Извор: themindsjournal.com