Пијалак без кофеин што ќе ви помогне да се ослободите од нервозата и стресот

Пијалак без кофеин што ќе ви помогне да се ослободите од нервозата и стресот

Денес чаевите неретко се на база на зелен и црн чај коишто содржат кофеин, кој пак не е баш најпогоден за стресот. Од друга страна, чајот од лимонова трева може навистина да ви помогне.

Пијалак без кофеин што ќе ви помогне да се ослободите од нервозата и стресот

Мирисот на лимоновата трева може да ви помогне да останете смирени и релаксирани. Во едно истражување, бразилските научници ги мереле психичките и физичките показатели, како чувството на напнатост и отчукувањето на срцето, кај повеќе од 40 испитаници.

Испитаниците кои пред тестот вдишале арома од лимонова трева, биле помалку анксиозни и помалку напнати. Иако за време на тестовите се зголемило и нивното ниво на стрес, по завршувањето на тестирањето стресот веднаш се намалил, за разлика од испитаниците од контролната група.

Па доколку се почувствувате напнато или чувствувате дека сте изложени на многу стрес, зошто да не си направите шолја чај од лимонова трева?

Погледнете и кој чај е најдобар за вас според крвната група.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар