Пет балконски убавици што повеќе сакаат сенска отколку сонце

Пет балконски убавици што повеќе сакаат сенка отколку сонце

Балконот со цвеќиња е најубавиот украс на домот, а пред да започнете да ги садите, треба да знаете кои цвеќиња одговараат на вашиот балкон. Ако на вашиот балкон преовладува сенка, изберете ги следниве растенија:

1. Фуксија

Пет балконски убавици што повеќе сакаат сенка отколку сонце

Ова растение треба да се прихранува на секои 14 дена со наводнување со раствор од ѓубриво. Цветовите се многу нежни, па затоа не треба да го преместувате ова растение. Се одгледува во саксии, а во лето се изнесува во градината или на балконот, каде што ќе биде заштитено од силното сонце.

2. Воденика

Пет балконски убавици што повеќе сакаат сенка отколку сонце

Ове растение има цвеќиња со по пет ливчиња, кои можат да бидат во широк спектар на бои: бела, розова, портокалова, разни нијанси на црвена, виолетова и шарена. За време на интензивниот раст (од мај до септември), треба да го прихранувате со течно ѓубриво за цветни растенија на секои петнаесет дена.

3. Лобелија

Пет балконски убавици што повеќе сакаат сенка отколку сонце

Лобелијата е мало едногодишно цветно растение што изгледа како грмушка, со мали цветови и лисја. Цветовите може да бидат во нијанси од индиго сина или виолетова сина и често со бело или жолто „око“ во средината на цветот. Лобелијата ќе расте на сончево место само со обилно наводнување, во спротивно подобро напредува во делумна сенка. За време на растот, потребно е редовно наводнување и ѓубрење.

4. Бршлен

Пет балконски убавици што повеќе сакаат сенка отколку сонце

Цветовите му се бледозелени, а плодовите се темносини бобинки со дијаметар од шест до осум сантиметри. Ова растение може да живее до неколку стотици години. Во минатото, бршленот бил симбол на плодноста и бесмртноста. Причината за ова е веројатно фактот што е исклучително издржлив и останува зелен во текот на целата година.

5. Бегонија

Пет балконски убавици што повеќе сакаат сенка отколку сонце

Цветовите може да бидат во бела, розова и црвена боја. Бегониите бараат обилно наводнување, но не сакаат прскање на лисјата и влажен воздух. За да може да света постојано, треба да се прихранува редовно.

Погледнете го и ова цвеќе – велигденски кактус што не бара грижа и внимание.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар