Пенест десерт со кафе кој едноставно мора да го пробате

Пенест десерт со кафе кој едноставно мора да го пробате

Наместо вашето секојдневно кафе, денес пробајте го овој десерт

Пенест десерт со кафе кој едноставно мора да го пробате

Потребни состојки (за околу 8 мали сервирања):

За кафето:

  • 4 лажици инстант кафе
  • 470 милилитри вода
  • 50 грама кафеав шеќер
  • Прстофат сол
  • 30 грама желатин

За кремот:

  • 470 грама шлаг пена
  • 1 лажичка ванила
  • Прстофат сол
  • 3 лажици рум или коњак (по избор)
Начин на подготовка:

Во свежо подготвеното кафе додадете го шеќерот, еден прстофат сол и желатинот. Дозволете им на состојките да омекнат и потоа мешајте сè додека желатинот не е темелно разложен. Ставете го садот во фрижидер на околу 2 часа.

Во друг сад прво префрлете ја шлаг пената, а потоа сипете го алкохолниот пијалак (по избор), ванилата и уште еден прстофат од солта. Мешајте сè додека кремот не формира мазни врвови. Навратете се на смесата со кафето и повторно мешајте сè додека не добиете боја на еспресо, со неколку посветло кафеави делови. Потоа спојте ги двете смеси и измешајте ги. Поделете ги во различни чаши и пред сервирање оставете ги уште еден час во фрижидер за целосно да се оладат.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар